Писмото од мајката на аутистично дете-до соседот кој ги малтретира

Мајката на дете со аутизам, Дуња Тадиќ од Загреб, напишала писмо на безчувствителен сосед кој неа и на синот Игор, неколкупати им повикал полиција. Таа го објавила на својот Фејсбук профил, јавно. Писмото допре до многумина во Хрватска и пошироко, некои дури и плачеа од тоа колку ги погодило она низ што поминувало детето, колку страдало, а соседот дополнително им го загорчувал животот. Нејзиниот статус е споделен речиси 2000 пати. „Соседу, пукаш во цивили! Добар ден соседу под нас што живееш, Како си ти денес? Ние сме добро, фала ти на прашањето што не го постави никогаш. Јас барем мислам дека сме добро бидејќи знаеш зошто? Затоа што Игор ако не е добро,, тој не знае да го каже тоа. Не знае ни да покаже. Бидејќи, замисли, ти тоа сигурно не го знаеш, аутизмот не зборува. Замисли, еднаш не спиеше три ноќи. Плачеше, се вртеше во кревет, можеби дури и „завиваше“ како што ти тоа го велиш, се фрлаше по подот. Знаеш кога, драги комшија, и мене ме изнервира. Мислам дека си безобразен, разгален, злобен. Ма знаеш кога едвај се воздржав барем малку да не го удрам по газ. Третото утро стана со отечена десна страна. Него, драг соседу, три ноќи го болел заб. Лудо го болел. А јас не сум знаела. Бидејќи не знае да каже. Ни да покаже. А ти, можеби баш тие ноќи, ни повика полиција. Полицијата не може да му извади заб, фала ти ако си мислел да ни помогнеш. А не може ниту итната помош. Бидејќи, соседу, за да му се извади заб на дете со аутизам треба општа анестезија. А тоа се чека на ред. Шест месеци. Замисли твојот син да го боли заб 6 месеци? Не можеш ни да замислиш, знам. Не можеш да замислиш ни операција на нозе и гипс на двете нозе, истовремено 2 месеци. Па го чеша под гипс, го боли, па не можеш да се наместиш, не можеш да спиеш. Два месеци. А не знаеш ни да кажеш дека те чеша. Ние не мораме да замислуваме, ние тоа го поминавме. Два долги месеци, ноќ и ден. Малку плачевме, малку „завивавме“, како ти тоа го кажуваш, а многу и се смеевме. Бидејќи ние сме такви. Се смееме и кога ни е тешко. ОК, некогаш и „завиваме“. Заедно. Вауууууу, вауууууу! Можеби баш некоја од тие наши ноќи - ни праќаше полиција на врата. Поради галама. Галама која не е музика, иако често ја слушаме, но тивко, бидејќи така сакаме. Галама која не е лупање на шницли, бидејќи, што знам...Игор некако повеќе сака готвено. Поради галама која не е поради заиграност на две здрави деца кои еве, си играат кошарка низ станот. Или кои еве, само се бркаат едно со друго бидејќи се разиграни. И бидејќи се деца. Ти викаш полиција поради галама која се вика аутизам. Тоа „завивавње“, како што ти го нарекуваш со презир на лице, е начин на кој Игор покажува дека нешто не му се допаѓа. На пример ТИ, кој доаѓаш во нашиот дом да ни кажеш да го обложиме целиот стан со некоја изолација бидејќи твојот син се плаши од „завивање“ кое ти незнаеш како да му го објасниш. Се шегувам дека не му се допаѓаш на Игор. Нему сите му се допаѓаат. Тој, драг соседу, тебе и денес да те сретне ќе ти пружи рака, ќе ти даде бакнеш. Тој е таков. Има тука некоја душа која само ретките ја имаат. Има некое големо срце, ма ти такво срце уште не си видел 100% и знаеш, тој е единствено среќно дете. И тој е заигран на тој свој „аутистичен“ начин, па еве некогаш малку потрчи по станот, некогаш нешто му падне бидејќи, не ти го кажав уште тоа, има малку и тремор. Малку некогаш му се тресат рацете. Но тоа е од лековите. Не е од аутизмот. Од лековите за епилепсија, ако те интересира. И тоа понекогаш, кога така потрчи, јас секој пат, но секој пат драги соседу, му велам - „немој љубов, убаво оди, немој да тропаш со ножичките“. Затоа што, соседу драг, не сме ние дивјаци ниту неодгледани ако имаме аутизам, тоа нема врска едно со друго. А богами, живеевме 10 години во стан а никој од соседите не ни заѕвони поради галама. Да не кажам дека никој никогаш не ни повика полиција. Еве сега ти прв пат. И втор. Ќе биде и трет, се знаеме веќе. Би ти се обратила лично, но верувај не можам. Не можам бидејќи уште не сум сретнала, еве за овие 18 години колку што има Игор, личност која со таков презир го гледала мојот син. Знаеш кога не можам да те погледнам. Не можам да ти се обратам. Мислам, извини, ама ми се гади од тебе. Сакав само да ти речем, генерале, пардон, соседу, пукаш во цивили. Пукаш на ангел со скршени крилја. Ние ќе продолжиме со својот живот како и досега. Ќе ја имаш и слушаш ти таа „галама“, тие, рака на срце, кога сите галами во еден ден се состават кои од овој стан доаѓаат, тие 20 минути. Знаеш зошто? Затоа бидејќи Игор има право на тоа. Не само право кое му го дава аутизмот, туку право на секој човек да се изрази, да покаже емоција на начин на кој тоа го знае и може. А ти секој пат викај полиција. Момчињата се толку кул. Двапати не разбудија бидејќи дојдоа час и половина откако од нашиот стан се слушала последната „галама“ која ја направивме.

А знаеш што направил Игор? Онака бунтовен, сладок како мед, топол од сон и кревет, дојде до врата и им даде бакнеж со смајли емотикон..Ма ти кажувам, таа душа и срце во животот уште не си ги видел. heart емотикон.

А сега-повикај полиција, соседу. Мајката на Игор