Под мотото „ЗАЕДНО едни за други“ dm дрогерие маркт подари 200 пакети на социјално загрозени бездомни лица!
Под мотото „ЗАЕДНО едни за други“ dm дрогерие маркт подари 200 пакети на социјално загрозени бездомни лица!

Под мотото „ЗАЕДНО едни за други“ dm дрогерие маркт подари 200 пакети на социјално загрозени бездомни лица!

Новогодишните и божиќните празници се период кој го посветуваме на нашите драги личности, кои ни значат и кои сакаме да ги направиме среќни.

Но постојат многу луѓе кои за престојните празници нема да добијат подарок.

dm дрогерие маркт, под мотото {ЗАЕДНО едни за други} се потруди оваа година тоа да го промени.

По повод новогодишните и божиќните празници, dm во соработка со своите добавувачи наполнија и подарија 200 новогодишни подарок пакети со производи за основна лична хигиена, а со задоволство напишаа и новогодишна честитка со што тежнеат да им подарат радост, да им ги исполнат срцата со топлина и за момент да внесат среќа во живот на оние кои се често заборавени – социјално загрозени и бездомни лица.

Поделбата на новогодишните подарок пакети, со поддрша и посредство на Црвен Крст на град Скопје, се изврши на 3 пункта за згрижување на бездомни лица во Скопје.

Оваа активност на dm, покрај хуманитарен карактер има за цел да испрати порака и до останатите компании и институции, дека постојат луѓе на кои секојдневно им е потребна наша помош, со надеж дека овој чекор ќе влијае инспиративно за останатите комапнии да се приклучат со свои иницијативи за помош на најранливите групи на население во Македонија.

Create Account



Log In Your Account