Пом - пом срцевидна рамка со слика
Пом – пом срцевидна рамка со слика

Пом – пом срцевидна рамка со слика

Доколку немате идеја што да поклоните оваа година на своите партнери за денот на вљубените, обидете се да направите една ваква интересна срцевидна рамка. За изработка ќе ви биде потребно малку време и многу љубов, а меѓу другото волница, жица, декоративна лента и конец. Димензијата на рамката како и бојата на волницата е по ваш избор.

Јас избрав три бои на волница кои ме асоцираат на претстојниот празник. Изберете си предмет на кој ќе ги правите пом – пом топчињата. Намотајте ја волницата на предметот, а потоа врзете ја на средината и сечете ја од околу. На крајот израмнете ги влакненцата на бушавите топчиња.

Кога ќе сметате дека имате доволно пом – пом топчиња земете игла со конец и протнувајте ги едно по едно. Кога ќе завршите со нижењето на топчињата поврзете ги конците на краевите.

Потоа земете малку поцврста жица и формирајте срце во однос на големината на нанижените топчиња. Кога ќе ја добиете саканата форма свиткајте ја жицата еден со друг крај.

Земете игла со конец и почнете да ги потшивате нанижените топчиња околу жицата. Кога ќе завршите со тоа, земете декоративна лента и направете панделка. Закачете ја панделката на долниот дел од срцето. Потоа, сликата која сакате да ја вметнете во срцето со перфоратор направете и дупче во горниот дел, а потоа протнете низ него декоративна лента.

Врзете ја лентата со слика во горниот дел на срцето и со тоа вашата рамка е готова. Обидете се да ја направите, а потоа врамете ги вашите љубовни спомени.

 

За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account