Поради премногу учење, децата немаат време за игра
Поради премногу учење, децата немаат време за игра

Поради премногу учење, децата немаат време за игра

Играта е унизверзална одлика на детсвото, без која нема ни развој ни учење. За децата, таа е најприродна активност: „ Тешко е да замислите дете без игра“, вели една професорка по психологија на Универзитет во Њујорк и стурчно лице за игри и воспитување на деца.

Кога децата го имитираат своето искуство низ симболична игра, претварајќи се дека ги хранат куклите, тоа е важно за нивниот развој.

За жал, играта на децата е загрозена на два начини.Од една страна, возрасните премногу се зафатени со нивните обврски и немаат време за детска игра, а од друга премногу вложуваат во академско учење во кое нема игра.

„Од децата се обидуваме да направиме компјутери, но тие никогаш нема да бидат вистински компјутери“, вели професорката. Наместо да ги оперетувате со информации, подобро е да ги подобриме нивните човечки особини, да размислуваат за нови идеи, да ја развиваат својата креативност низ идеи.

За да децата имаат повеќе време за игри, потребно е помалку да учат. Родителите наместо да гледаат во телефоните, треба да се играт со своите деца.

Што се случува кога децата започнуваат да се играат со виртуелни предмети,  користејќи предмети на допир  наместо играчки?

„Многу сум загрижена кога децата се играат со екрани“, вели др. Тами Лемонда. Децата мора да користат вистински предмети, да управуваат со нив, да градат од нив.

Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account