По Холивуд, сексуалните злоупотребувачи се бараат во модниот свет
По Холивуд, сексуалните злоупотребувачи се бараат во модниот свет

По Холивуд, сексуалните злоупотребувачи се бараат во модниот свет

 

Приказните за сексуалното злоупотребување не стивнуваат. Откако Холивуд „закопа“ цела низа продуценти, режисери, актери, на ред дојде модната индустрија.

Пред неполни два месеци, манекенки раскажуваа за недоличното однесување на фотограф на снимањето едиторијал. Сега 13 манекени и асистенти го обвинуваат познатиот Тестино дека мастурбирал пред нив. Тие во прилогот објавен во Њујорк Тајмс го обвинуваат дека ги напаѓал каде ќе стигнел, на улица, во автомобили, авиони…

Роман Барет кој му бил асистент во деведесеттите, раскажува дека Тестино се однесувал ужасно секаде.

Модниот фотограф важи за икона во модниот свет. Тој е едно од најпознатите имиња во модната индустрија. Ги сликал официјалните фотографии од свршувачката на принцот Вилијам и Кејт, принцезата Дајана, сите познати манекенки, сега неодамна Серена Вилијамс и нејзината ќерка.

Неговите агенти знаеле дека ако сакаш да соработуваш со него, мора да одработиш „голо“ сликање. Тие убедувале дека тоа е добро за успех во кариерата.

Create Account



Log In Your Account