Прегратка посилна од сè
Прегратка посилна од сè

Прегратка посилна од сè

Жените никогаш не му биле попотребни на светот од сега…

Пријателе мој, светлината е раздвоена од темнината. Жената има моќ да ги раздвои добрите мисли од лошите кај својот партнер. Жената раѓа, жената со своите чувства создава. Токму и затоа на светот му требаат вистински и силни жени.

Жената сакај ја или остави ја. Но, во секој случај знај дека таа секогаш создава. Никогаш не жали ги нејзините очи ако во нив најдеш трошка самотија. Тие длабоко во себе ја кријат љубовта за единствениот партнер. Таквите очи ги спојуваат земјата и небото и ги отвораат вратите на рајот. Насмевни им се искрено и среќно од длабочината на своите очи. Почитувај ги нејзните очи. Тие не може да го сопрат оганот и водата, кога телото ќе и се навикне на меките прсти.

Во желбата да ја освоиш, не заборавај дека заведувањето е единствена уметност на љубовната игра, која почнува со насмевки, а завршува со погледи. Во тие погледи, во нејзините очи можеш да ја видиш неа, а во твоите нејзината душа. Ќе ти се предаде комплетно, тогаш кога ќе ја видиш со затворени очи. И тогаш не премислувај се. Прегрни ја нежно и силно во исто време. Гушни ја за да ги уништи сите оние кои со години ја граделе нејзината сила и храброст. Биди маж со најмоќна нежност. Биди нејзиниот човек.

Create Account



Log In Your Account