Премиерната изведба на вториот лиценциран мјузикл во МНТ, „MAMMA MIA“!
Премиерната изведба на вториот лиценциран мјузикл во МНТ, „MAMMA MIA“!

Премиерната изведба на вториот лиценциран мјузикл во МНТ, „MAMMA MIA“!

Мјузиклот MAMMA MIA е еден од најпознатите наслови во музичкиот жанр, а нумерите се најголемите хитови од Шведската група АББА, по музика и текст на Бени Андерсон | Бјорн Улвеус | текст: Кетрин Џонсон. Приказната е на Џуди Крејмер.

Премиерата на македонската верзија на овој мјузикл, е закажана за 24 декември 2017 година со почеток во 20 часот. Режијата е на Наташа Поплавска, која после големиот успех на првиот лиценциран мјузикл „Чикаго“, повторно се потпишува како режисер.

Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.Фактот што над 50 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музиката ја чини  „MAMMA MIA! “претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!

Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ ги враќа назад на островот тројцата мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.

Носечката улога на Софи Шеридан, девојката која е пред мажење и која е во потрага по нејзиниот прав татко, ја реализира младата актерка Нина Деан. Нејзината мајка Дона Шеридан ќе ја игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, најдобрите пријателки на Дона ги играат актерките Арна Шијак, Тања Кочовска, додека улогите на татковците Сем, Бил и Хари ќе ги играат актерите: Кире Ѓоревски, Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски ќе ја игра улогата на Скај, вереникот на Софи.

Во поделбата на актерската екипа се и: Александра Павлова, Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Учествуваат и голем број на танчари и хористи, како и бенд во живо.Препевот и преводот на текстот од англиски на македонски е на Тина Трпкоска, диригент е Бисера Чадловска, кореограф: Олга Панго, сценографијата е на Александар Дениќ, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, инструктори за пеење и вокал се Ана Костадиновска и Сара Николовска, извршен продуцент: Симона Угриновска, прво пијано и корепетитор на солисти и хорски ансамбл: Билјана Петровска, дизајн и маркетинг супервизор: Емил Петров, инспициенти: Вукица Александрова.

Create Account



Log In Your Account