Приказна: Внукот што го врати дедото од старечки дом, дома!
Приказна: Внукот што го врати дедото од старечки дом, дома!

Приказна: Внукот што го врати дедото од старечки дом, дома!

Во еден град поради обврски на работа синот го однел неговиот татко во старечки дом. Неговиот внук враќајќи се од училиште го посетил дедото и се запознал со условите во кои живее.

Дедо му го замолил следниот пат кога ќе дојде да донесе и едно ќебе за да се стопли бидејќи во домот му било ладно. Таткото на детето му дал пари да купи убаво ќебе. Момчето купило две, па едното го однел на дедо си, а другото дома.

Кога таткото се вратил од работа во куќата го нашол ќебето, па зачудено ја запрашал сопругата какво е ова ќебе. Таа му рекла да го праша синот. Кога го запрашал зошто не го однесол ќебето на дедо му, синот му одговорил дека на дедото му однел едно, а ова го донел дома да го сочува кога ќе го прати татка си во дом за стари лица па да му го однесе тогаш.

После овие зборови кои таткото го погодиле длабоко во срце, дедото, е вратен повторно дома.

Create Account



Log In Your Account