Против Харви Вајнштајн и неговиот брат покренати официјални обвиненија
Против Харви Вајнштајн и неговиот брат покренати официјални обвиненија

Против Харви Вајнштајн и неговиот брат покренати официјални обвиненија

Обвинителот на државата Њујорк во САД соопшти дека побарал судска одговорност од студиото, основано од обвинетиот продуцент за сексуално малтретирање.

Се работи за Харви Вајнштајн и неговата компанија Вајнштајн. Киностудиото е основано од озлогласениот за сексуални напади кон актерки и службенички Харви Вајнштајн и неговиот брат Роберт. Обвинувањата се за несоодветна заштита на работната сила во студиото. Специјално Вајнштајн е обвинет дека создал средина во која жените во компанијата биле принудувани „да влезат во сексуални контакти“, за да се здобијат со кариера. Покрај тоа, Вајнштајн ја искористил својата позиција да ги натера жените на сексуални контакти, кои барале работа во неговата компанија.

Посебно обвинение против продуцентот, исто така, има и за заканите за физичко насилство од негова страна, како и наводите дека има политички врски и контакти во тајните служби што му се заканиле на неговите жртви да ги натераат да дејствуваат против неговата волја.

Кон Weinstein Company има обвинение дека создала посебна „дамска формација“, која буквално дејствувала како пријателки и меѓу чии задачи била и таа да убедуваат жени да работат со Вајнштајн и на тој начин во Weinstein Company е креирана непријателска работна средина. Сведок е категоричен дека на позиции на извршни директори во компанијата се ставени само жени, кога станувало збор за „грижа“за врски на Вајнштајн и негови клиенти-жени. Асистенти на Вајнштајн пак имале специјално дизајнирано досие со неговите „вкусови“. И братот на Вајнштајн, Роберт, е обвинет за соучество.

Create Account



Log In Your Account