РЕЦЕПТ: Бадников леб со и без квасец
РЕЦЕПТ: Бадников леб со и без квасец

РЕЦЕПТ: Бадников леб со и без квасец

Бадник е најголемиот и најубав христијански празник. Денот пред раѓањето на Исус Христос. Знаеме дека се одбележува со богата софра на која лебот со паричка е задолжителен обичај.

Јас ќе ви предложам 2 идеи.

Бадников леб без квасец:

500 гр. Цело -зрно брашно

2 лажички сода

Половина лимон

250 мл. Кисела вода

Сол

Во сад промешајте го брашното со содата и солта. Убаво мешајте за да се распореди содата. Додадете го сокот од пола лимон и киселата вода. Доколку има потреба и ако тестото се лепи додајте уште некоја лажица брашно. И секако не заборавајте да ставите париче. Покријте со полувлажна крпа и оставете да отстои од 2 до 4 часа. Потоа одвојте малку тесто за декорација и обликувајте топче но гледајте да е посплескано. Топчето украсете го по желба и печете во претходно загреана рерна на 180 степени.

Откако ќе се испече замотајте го во сува крпа и оставете го да се олади. Бидејќи е без квасец не очекувајте внатрешниот дел да биде воздушест.

Бадников леб со квасец:

375 мл. Млака вода

1 лажица кафен шеќер

2 лажици маслиново масло

1 ќесичка сув квасец

400 гр. Цело зрно брашно

200 гр. Бело брашно

Сол

За декорација:

200 гр. Бело брашно

3 лажички сол

100 мл. Вода

Во млаката вода ставете го квасецот заедно со шеќерот и маслото и покријте 10 мин да се активира квасецот. Потоа додадете ги брашното и солта и замесете меко и мазно тесто. Трик од мојата супер бабичка доколку немате снага да го месите и стискате тестото тогаш 99 пати удрете го од работната маса, малку посилно да биде 😆. Доколку има потреба додадете уште малку брашно. Покријте со полувлажна крпа и нека отстои 1 час. Откако ќе скисне премесете го ставете париче и ставете го во подлабок сад за печење или во тенџере за да добиете убава кружна и висока форма. Покријте повторно а во меѓувреме помешајте ги состојките за декорација и вклучете ја рерната на 180°C. Треба да добиете тврдо еластично тесто. Спремете форми по желба и залепете ги со многу малку ладна вода.

Ставете го лепчето да се пече за оваа големина во сад од 20 цм се печеше 45 мин.

Христос се роди. Среќни празници.

Мали совети

Лебот со сода ќе распука имајте во предвид кога декорирате. И ова лепче може да се декорира со смесата за декорација.

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account