РЕЦЕПТ: Баунти тoрта
РЕЦЕПТ: Баунти тoрта

РЕЦЕПТ: Баунти тoрта

За денес здрава Баунти тoрта за сите. Од најмали до најстари… Заспаа моите по дома и мене буквално во 23 ч ме мачеше мислата дали оваа торта може да успее. Имав сѐ што ми требаше и се фатив за работа. Филот и основата ми изгледаа вкусно, но морав да чекам како ќе преживее до наредното утро.

Бидејќи преживеа и многу беше вкусна ја снема брзо 😆 повелете.

Потребни состојки:

400 мл Кокосово млеко во лименка

100 мл Кокосова вода

40 гр. Какао (сирово)

50 гр. Мед

200 гр. Здрави какао бисквити

50 гр. Кокосово масло

100 гр Кокосово брашно

1 лажица Брашно (спелта, наут, оризово)

Оваа количина е за 20 цм. тава за торти, по можност од оние што се отвораат и се отстранува страницата.

Сомелете ги бисквитите и додадете го кокосовото масло. Убаво измешајте ја смесата и истурете ја во тавата. Истапкајте да биде рамно на дното и ставете ја во фрижидер. Во подлабок сад (тенџерче) истурете го млекото и додадете ги какаото (просеано), медот и кокосовото брашно и варете на тивко. Промешувајте почесто. Брашното растворете го во кокосовата вода да нема грутки и додајте го во смесата кога ќе забележите меурчиња од страните. Мешајте да се соедини со смесата и варете уште 15тина мин. за да се згусне. Извадете го тавчето од фрижидер истурете ја сварената смеса и оставете да се олади на собна температура, потоа повторно вратете во фрижидер по можност цела ноќ.

Ние со нашите пријатели ја изедовме одма 

Bon appetit

Мали совети:

Јас ставив био бисквити без шеќер но вие можете да ставите по ваш избор.

Филот може да се користи и за торти со пандишпан.

Додадете или одземете мед во зависност од вашата желба за благо.

 

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account