РЕЦЕПТ: Божиќни колачи
РЕЦЕПТ: Божиќни колачи

РЕЦЕПТ: Божиќни колачи

Во пресрет на празниците се е во духот на нова година и Божиќ. Иако за празници калории не се бројат 😆 сепак мора да има начин за здрави и вкусни колачиња, особено за најмалите. Имам неколку варијанти на ум, а оваа е една од нив.

Потребни состојки:

-6 црвени јаболка (благи)

-1 морков (средна величина)

-Кора од 1 портокал

-250 гр. Овесни снегулки (ситни)

-200 гр. Лешници (сомелени)

-1 лажица цимет

Вклучете ја рерната на 180 степени. Обложете една тава за печење со хартија за печење.

Изрендајте го морковот и заедно со јаболката изблендирајте ги да добиете 600 мл смеса. Потоа истурете ја смесата во сад, додадете ги сите состојки и промешајте да добиете леплива хомогена смеса. Доколку ви изгледа течна додадете уште некоја лажица овес. Формирајте колачиња и печете 20 мин.

Оставете ги да се оладат и украсете ги со бело чоколадо.

Убави празници.

Мали совети

Ако сакате да бидат поблаги додадете мед по желба.

За оние кои сакаат сирова храна од истата смеса направете бомбици, провалкајте ги во мелени лешници и изладете минимум половина час.

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account