РЕЦЕПТ: Вкусен и најважен...направете си вкусен и лесен појадок
РЕЦЕПТ: Вкусен и најважен…направете си вкусен и лесен појадок

РЕЦЕПТ: Вкусен и најважен…направете си вкусен и лесен појадок

Вкусен и најважен…

Појадокот не смее да се прескокнува и ТОЧКА. Од секогаш за мене појадокот е најважен оброк за здраво и витко тело. И тоа оној појадок кој што навистина содржи многу хранливи состојки. Еден од честите и вкусни богати појадоци е и следниот рецепт.

 

2 Тост лепчиња (направете си сами)

Пола авокадо

1 лажица црвен кромид

1 лажица сок од лимон

1 мала лажичка црвен пипер

Половина лажичка коријандер (во прав)

1 лажица масло од сусам

1 Домат

10 ливчиња „бејби спанаќ“

1 јајце

1 лажица лупени семки

1 лажица лупен сончоглед

Прстофат шарена сол

Бибер

Јајцето ставете го да се свари. Потоа излупете го авокадото и згмечете го со виљушка и во него додајте го црвениот кромид (ситно насечкан), црвениот пипер, коријандерот, маслото од сусам и лимоновиот сок. Промешајте да се соединат и додадете сол по желба. Тост лепчињата (овие се од цело зрно брашно, ’ржано брашно, лен и овес) потпечете ги во апаратче или на тава. Намачкајте ги со намазот од авокадо, ставете домат насечкан по желба, ливчињата спанаќ и половина јајце. Истото повторете го и со другото лепче. И на крај наросете ги со семките и шарената сол.

 

Пријатен ден 😘

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account