РЕЦЕПТ: Здрави палачинки
РЕЦЕПТ: Здрави палачинки

РЕЦЕПТ: Здрави палачинки

Барем 2 пати неделно ме буди Мама гладна сум сакам палачинки. Секако дека уживам во тоа, посебно што и ќерка ми е вклучена во подготовките. Со оние cups мерилки, зема состојки и ги истура во сад и мати. Убавини 😍

Палачинките и мафините се најдобри за експериментирање. Кога еднаш ќе ја усовршите густината на смесата тогаш можете да додавате и одземате состојки и да експериментирате.

Потребни состојки:

100 гр. Цело-зрнесто брашно

1 средна банана потемна

70 гр. Овес

1 лажиче цимет

Прашак за печиво

200 мл. Млеко од индиски ореви

1 лажиче Лукума

Во блендер сомелете го овесот, а потоа додадете ги сите суви состојки и блендирајте неколку секунди. Во сад згмечете ја бананата и додадете го млекото. Откако ќе добиете хомогена смеса, додадете ги сувите состојки и мешајте да добиете убава сјајна смеса.

Загрејте тавче со кокосово масло и печете на многу тивко (јачина 3 од 9). Ставате мали дози како за американски палачинки. Кога ќе ви се појават меурчиња свртете ја палачинката и печете уште минута.

Откако ќе испечете, сервирајте по желба. Мој предлог е банана, мед и ф’стаци на секој слој.

Bon appetit

Мали совети:

Лукума е овошје од Перу од кое се прави здрав засладувач, кој не штети и не го покачува нивото на шеќер во крвта. Можете да замените со кокосов шеќер, стевија или било која здрава варијанта.

Овие палачинки се понежни од традиционалните американски внимавајте при вртење.

Можете да додадете какво било млеко (бадемово, овесно, итн.)

 

 

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account