Рецепт: Киноа филе
Рецепт: Киноа филе

Рецепт: Киноа филе

По петдневна пауза во кујната едвај чекав да зготвам нешто. Овој пат малку експериментирав со вкусови. Домашните го бендисаа, но баш би сакала да го чујам и вашето мислење. За да го пробате овој рецепт потребно ви е:

400 гр. Пилешки стек

1 морков

1 Тиквица

Половина кромид

½ шолја Црна киноа

Половина портокал

2 г. Лажица сенф

1 г. Лажица мед

100 мл. Вода

20 гр. Путер

200 гр. Брокула

1 чешне лук

1 лимон

1 м. лажичка црвен пипер

1 м. лажичка  коријандер

1 м . лажичка сушен зеленчук

1 м. лаажичка  бибер

Сол по желба

*за љубителите на луто задолжително додадете во месото лажичка чили.

Киноата, по можност био убаво измијте ја под млаз ладна вода. Потоа ставете ја да се вари. Додајте 250 мл.вода, сол, бибер и сушен зеленчук. Варете додека не испари водата односно кога ќе омекне киноата.

Додека киноата се вари во сад изрендајте ги на покрупно кромидот, морковот и тиквицата. Продинстајте ги на маслиново а потоа додадете го месото исечкано на ситни ленти продинстајте уште 2 -3 мин и додадете ги сенфот, сокот од портокал, медот и водата. Оставете да се крчка 20 до 25 мин додека не испари водата. Во меѓувреме добро исперете ја брокулата и проварете ја во зовриена вода. По 10 мин исцедете ја брокулата поминете ја со млаз ладна вода за да ја задржи свежината и бојата. Потоа во сад промешајте ја со сок од 1 лимон, изрендано лукче, сол и бибер. На крај откако ќе испари водата во месото ставете путер, црвен пипер, бибер, коријандер и сол и продинстајте уште 5 мин.

Сервирајте во чинија и уживајте.

 

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account