РЕЦЕПТ: Мока Салата
РЕЦЕПТ: Мока Салата

РЕЦЕПТ: Мока Салата

Кафе? Не пијам никогаш повеќе од 2 но тие 2 сакам да бидат од убави, квалитетни зрна… За среќа тука има преголем број на кафулиња и ланч барови за сечиј вкус, а јас си го најдов омилениот… Мокарабиа. Пријатна атмосфера, одлично кафе и превкусно мени.

Боби Трајковски за кој многу случајно разбрав веќе 2 години е генерален бренд менаџер за Мокарабиа во Катар, бидејќи се познаваме уште од Скопје договоривме средба во еден од нивните локали. Накратко поразговаравме и нивниот шеф ми подготови лесна вечера.

Доха е град, преполн со кафулиња, ресторани, чај салони и хотели, како се издвојувате од толпата?

Пред сѐ вкусот на кафето е единствен. Се работи за италијански бренд каде што кафето се одгледува во Јемен, од таму се обработува во Лондон за на краај да заврши во Милано од каде што е и овој бренд.

Потоа одличната атмосфера буквално ние сме место за фамилијарни средби, бизнис состаноци или за кафе со добра книга, ги имаме многу.

И секако презентацијата на храната како и нејзиниот вкус. Најпознати во тој дел ни се десертите кои се изработуваат од врвни француски слаткари.

Јас претпочитам здрава и лесна вечера затоа Боби ми предложи да ја пробам нивната Мока Салата.

Во кујната откако си добив капче нивниот шеф ми го објасни процесот и ја спреми салатата. За да станете шеф во Мокарабиа, мора да поминете обука кај главните шефови од неколку водечки гастро дестинации.

Потребни состојки:

Мешана салата (рукола, марула, црвена марула, бејби спанаќ) една рака

1 печурка (свежа)

3 Шери домати

Аспарагус (неколку гранчиња)

1 Палмино срце (palm heart)

5 парчиња артичока

За дресинг:

3 лажици мајонез

Половина лимон

1 лажица маслиново

Сол и бибер

 

Мешаната салата измијте ја, исушете ја и насечкајте ја по желба. Аспарагусот сварете го така што ќе го проварите во вода ,која врие 2-4 мин зависно од големината. Процедете го и оставете да се олади. Печурката насечкајте ја на листови и преполовете ги доматите. Стапчето палмино срце пресечете го на половина во должина извадете го средишниот дел и насечкајте. Во нашите маркети има артичоки во тегла само измијте ги пред да ги сервирате.

Пригответе си чинија каква Вие сакате 😊. Во сад промешајте ја мешаната салата заедно со дресингот. Потоа ставете ја во чинијата и одозгора додадете го преостанатиот зеленчук. Бидејќи знам дека кај нас е можно да нема палмино срце шефот во Мокарабиа предлага да замените со пченка. Но, доколку патувате некаде вреди да си набавите Palm hearts. Јас се вљубив на прво залче 😊

Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account