РЕЦЕПТ: Паста со зеленчук, сусам и слатка соја
РЕЦЕПТ: Паста со зеленчук, сусам и слатка соја

РЕЦЕПТ: Паста со зеленчук, сусам и слатка соја

2 пати неделно практикуваме паста по дома и оброк без месо. Пастата со зеленчук по мене е одличен здрав ручек но не секогаш. Пастата не е здрава доколку не ја сварите Ал Данте затоа што преварена има превисок гликемиски индекс и му штети на шеќерот во крвта и на срцето, a и нема да ве засити. За кусо време ќе бидете гладни што значи и штети ѝ на вашата линија 😊. Затоа откако ќе почне да врие водата додадете маслиново и сол и ставете ја пастата која сте ја одбрале и варете од 10 до 12 мин.

За денешниот рецепт потребни состојки се:

400 гр. Паста

300 гр. Златна мешавина (морков, грашок, боранија и пченка)

300 гр. Брокули

1 тиквичка

100 гр. Сусам

40 мл. Соја сос (благ)

Половина лимон

1 лажичка шарена сол

1 лажичка коријандер во прав

Сол и бибер

Насечкајте ги брокулата и тиквичката (на коцки). Ставете сад со вода за да ја сварите пастата. Во друг сад сварете ја златната мешавина да се свари околу 10тина минути. Откако ќе завршите со варење исцедете ги зеленчукот и пастата. Во садот кај што сте ја вареле пастата ставете лажица путер или 2 лажици маслиново. Ставете ги тиквичките и брокулата и динстувајте 3 мин. Потоа додадете ја златната мешавина и зачините уште 3 до 4 мин. Додадете ја пастата промешајте и по 2 мин додајте го лимонот и соја сосот и мешајте уште 2 минути. Јас користев благ соја сос. Потрудете се да најдете органски и со минимално количество на содиум. Посолете по желба

Сервирајте во чинија и одозгора наросете потпечен сусам.

Bon appetit.

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account