Рецепт ролат за Денот на вљубените
Рецепт ролат за Денот на вљубените

Рецепт ролат за Денот на вљубените

Љубовта е најубавата работа што може да Ви се случи. Таа ќе ве натера да размислите, да се менувате, да делувате, да живеете. Таа е причината за нашето постоење од раѓање па до крајот… Јас ја славам секој ден но секако не заборавам на оние кои ја слават на 14. Февруари. Затоа ќе ви предложам 2 рецепти.

За првиот рецепт ролат со порака потребно ви е:

95 гр. Сенаменско брашно

100 гр. Кафеав шеќер

4 јајца

30 гр. Маслиново масло

5 гр. Печиво

Прстофат сол

1 ванила стапче (или ванила арома)

За паста за цртање:

1 белка

2 лажици шеќер

40 гр. Брашно

10 гр. Какао

20 гр. Путер (на собна температура)

За Фил:

200 гр. Црно чоколадо

230 мл. Хопла

За внатрешните срциња:

8 лажици брашно

8 лажици маслиново

6 лажици шеќер

3 јајца

1 ванила стапче

Пола печиво

Малку сол

Срце калап за колачиња

*Ролатот може да се направи и без срцињата внатре. Ванила стапчето може да се замени со ванила шеќер или арома.

Вклучете ја рерната на 180 степени. И на тава 30×40 ставете хартија за печење. Со миксер изматете ја убаво смесата за цртање. Ставете ја во шприц со мал отвор и нацртајте или напишете нешто на хартијата за печење. Доколку пишувате внимавајте. Треба да напишете обратно за на ролатот да излезе правилно. Ставете ја тавата во фрижидер за да се стврдне смесата.

Следен чекор е тестото за ролатот. Во сад пенасто изматете ги белките со шеќерот па додадете го маслото. Потоа заедно помешајте ги брашното, печивото и солта и просеани додадете ги во смесата. Истурете ја смесата во тавата која претходно ја подготвивте и печете 12 до 15 мин.

Додека се пече ролатот подгответе го пандишпанот за срцињата на истиот начин и редослед, како и ролатот. Откако тој ќе се испече ставете го пандишпанот во тава 30 ×30 и печете половина час. Топлото тесто за ролат замотајте го во крпа на која сте просеале шеќер во прав. Додека ролатот да се олади подгответе го филот. На тивок оган растопете го чоколадото со 100 мл хопла (на пареа). Преостанатата хопла изматете ја. Кога чоколадото ќе се излади додадете го во хоплата и измешајте да добиете хомогена смеса.

Откако ќе се испече пандишпанот изладете го и исечете срце форми. Околу 15 парчиња. Потоа размотајте го ролатот и намачкајте го со филот. Во средина наредете ги срцињата едно до друго во должина и на крај замотајте. Покријте со ѕвоно за торти или фолија за да не се исуши ролатот и изладете го мин 4 саати а може и преку ноќ.

 

Среќен ден на Вљубените и Св. Трифун.

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account