РЕЦЕПТ: Супер појадок
РЕЦЕПТ: Супер појадок

РЕЦЕПТ: Супер појадок

Хелоу …Ќе ја започнам неделава со ултра здрав појадок за вас и вашите најмали, бидејќи следниот рецепт е неверојатен, но не најздрав. Но со добар баланс во исхраната секогаш може да си дозволите се!

На Инстаграм во последно време од моите другарки, а и некои познанички добивам комплименти дека сум била згодна мајка. Уф најголемо фала, зошто комплиментот е од ЖЕНИ. Верувам дека неколку фактори влијаат на нашата линија а секако исхраната е еден од поголемите. Обожувам да јадам, сакам сѐ! Но, сепак се обидувам заради целото семејство и најбитниот член, нашата исхрана да биде претежно домашна, со проверени состојки и здрава.

Така, ова утро добив пудинг request од малата госпоѓица. За ништо на светот при толку здрави варијанти нема да и дадам од ќесичка или оние пакуваните во чашка, барем НЕ додека имам контрола на нејзината исхрана. Затоа има начин да добие супер пудинг. А за мама и тато супер појадок.

Потребни состојки за пудинг:

250 гр. Овес

350 мл. Вода

50 гр. Ореви

2 коцки темно чоколадо

Прстофат цимет

1 банана

За чиа:

20 гр. Чиа

200 мл. Млеко од лешник и бадем

1 лажичка Лукума

Во сад ставете ја водата на тивко да се загрее. Во блендер или процесор ставате го овесот заедно со оревите и малку цимет да се сомелат. Пред да почне да врие водата ставете ја смесата и мешајте околу 3 до 5 минути, додека да се згусне. Тргнете го од оган и ставете го внатре чоколадото да се растопи. Во друг сад згмечете ја бананата, таа ќе го заслади пудингот и декорирајте по желба. Ем пудинг, ем здрав појадок.

Чиа пудингот како што знаете се прави пред спиење. ☺ Ставете ги семињата во млекото и убаво промешајте. Јас го ставам обично накај 20 часот, за да можам пред да легнам уште еднаш да го промешам.

Сега, бидејќи имате пудинг од чиа и пудинг за деца направете си супер појадок за вас. Јас лично не давам чиа на деца, Вас не ви се мешам. Во чаша или сад по желба ставете 2-3 големи лажици пудинг, потоа 2-3 големи лажици чиа пудинг и на крај јас додадов рака шумско овошје изблендирано со банана. Декорирајте по желба. ☺

Ви посакувам убава недела. ☺

Мали совети:

Во пудингот можете да додадете било какви јатки или семиња.

Чиа пудингот може да го направете со млеко по желба.

Може да додадете овошје по желба не мора да е шумско.

 

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account