(РЕЦЕПТ) УЧИТЕЛСКИ КОЛАЧ: Скромни состојки, раскошен вкус!
(РЕЦЕПТ) УЧИТЕЛСКИ КОЛАЧ: Скромни состојки, раскошен вкус!

(РЕЦЕПТ) УЧИТЕЛСКИ КОЛАЧ: Скромни состојки, раскошен вкус!

Знаеме дека платите на учителите не се кој знае колку големи, па така и „учителскиот колач“ е скромен по своите состојки.

Меѓутоа, вкусот на некои слатки нешта нема апсолутна врска со тоа колку пари се вложени во неговиот состав. Овој колач е вистински доказ за тоа, а вие сами уверете се.

Состојки:

250 гр шеќер, 200 грама маргарин, 20 гр.брашно, 1 јајце, 4 белки, 150 гр. мелени ореви, рендана кора од лимон, 150 гр. џем од шипинки.

Подготовка:

Во сад за матење ставете маргарин, јајца, 100 гр. шеќер и матете со миксер додека шеќерот не се растопи. Потоа во садот додајте ситно изрендана кора од лимон, брашно и мешајте (не матете) додека состојките не се соединат.

 

Садот подмачкајте го со маргарин, стевете ја смесата, и печете 15 минути на 180 степени.

Изматете 4 белки, додајте ги преостанатите 150 гр. шеќер и повторно матете додека шеќерот не се растопи. Додајте ги мелените ореви и промешајте. Испечениот колач во садот премачкајте го со џем, а преку џемот нанесете ја белката со ореви.

Вратете во рерна и печете уште 15 минути на иста температура. На крај премачкајте со уште еден тенок слој на џем, па украсете со рендана чоколада.

Нека ви е наздравје!

Create Account



Log In Your Account