Рецепт Фалафел
Рецепт Фалафел

Рецепт Фалафел

Прв пат пробав во макробиотичкиот ресторан во скопјанка… Уф одамна беше тоа. За мене лично е одлична замена за ручек без месо, ем е вкусно ем заситува. Мислев дека е некое наше јадење сè додека не заминав во првата наша арапска земја од неколкуте и дознав дека всушност потекнува од Египет но многу земји од блискиот исток го присвоиле.

Ајде ,засукајте ракавите и во кујна. Многу е едноставно,навистина!

Потребни состојки:

400гр. Наут (не од конзерва)

20гр. Сусам

1 мала лажичка прашок за печиво

1 голема лажица коријандер

1 голема лажица црвен пипер

4 чешниња лук

1 главица кромид (средна)

Магданос (една рака)

2 големи лажици маслиново

Сол и бибер (секогаш и секаде)

 

За дресинг:

200гр. Тахини

2 големи лажици јогурт

1 лимон

2 големи лажици сусам

2 големи маслиново

Сол и бибер

Наутот покиснете го во вода и нека отстои цела ноќ. Наредниот ден ставете ги сите соостојки во блендер или мултипрактик и мелете додека не добиете хомогена смеса.

Потоа проверете дали смесата е сува и леплива. Доколку е малку потечна додадете 2 до 3 лажици брашно од наут доколку немате ставете бело. Оставете ја смесата да отстои мин. половина час до 45мин. Потоа направете топчиња или мали плескавички и пржете во масло по желба. (Обидете се да биде поздрава варијанта од обичен зејтин). Може и да ги печете во  рерна на 200 степени околу 20 мин. Да добиете златно-кафена боја.

За дресингот: исцедете го лимонот и во подлабок сад ставете ги сите состојки и мешајте да добиете хомогена смеса. Јас лично сусамот го тестирам неколку минути на тавче повкусно е. Но, може и така да го ставите.

Готовиот фалафел може да го послужите како мезе или пак во тортиља со свеж зеленчук и тахини дресинг.

Bon appetit.

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account