РЕЦЕПТ: Pizza појадок…
РЕЦЕПТ: Pizza појадок…

РЕЦЕПТ: Pizza појадок…

Кога ќе ви досади секојдневниот појадок овој рецепт е одлична идеја еден час после мусли, чиа пудинг или овесна каша (poridge). Секако за оние кои практикуваат обилен појадок. Јас лично ако не појадувам, обилно цел ден сум гладна.

За тестото потребно Ви е:

300 гр. Брашно (сенаменско)

180 мл. Топла вода (не врела)

10 гр. Сув квасец

1 л. Маслиново

1 л. Кафеав шеќер

1 мала лажичка јаболков оцет

Сол

За доматен сос:

300 гр. Домат

1 чешне лук

лажиче кафеав шеќер

Мајчина душица

Сол и бибер

За топинг на пиците:

3 парчиња печеница

150 гр. Моцарела

2 јајца

1 мала пиперка

Зелена салата (бејби спанаќ или рукола)

200 гр. Кашкавал (по желба)

Најпрво за да добиете одлична пица речиси како да јадете во ресторан тестото пригответе го од вечер. Во млака вода растворете го квасецот со шеќер, маслиново и оцет и покријте 10тина минути да добиете меурчиња. Потоа додадете сол и брашно. Измесете го убаво да добиете меко тесто. Ставете го во подлабок сад покријте со фолија и нека преноќи во фрижидер. Потоа може да го подготовите домашниот доматен сос. Доматите излупете ги и насечкајте ги ситно. На тавче ставете малку маслиново, а потоа ставете го ситно насечканото лукче и прстофат црвен пипер. Промешајте и за 1 мин додадете ги доматите, солта, шеќерот и мајчината душица. Повеќе практикувам мајчина душица од оригано бидејќи совршено оди со домат и моцарела или кашкавал. Варете 10тина мин промешувајќи а откако ќе се зготви и олади складирајте го во тегла до следното утро.

Наутро кога ќе станете извадете го тестото од фрижидер измијте се пројдете си ги утринските ритуали и назад во кујна. 😆 Прво рерната вклучете ја на 250 степени. Нека се топли 20 минути минимум заедно со плехот на кој ќе печете. Потоа тестото поделете го на 3 дела секое топче размесете го на набрашнета површина и расукајте ги во круг така што на средина со раката ќе го притискате кон краевите за тие да бидат подебели, а во средина тестото да биде тенко

На сите три пици ставете доматен сос, потоа на едната ставете само моцарела и малку мајчина душица и сол. Таа е детска.😊 А на другата ставете 2 парчиња печеница (домашна без адитиви), има мала месара во Скопје преубава печеница прави. Потоа малку кашкавал и моцарела. 5 мин. пред  да ја извадите од рерна ставете јајце на око, кое претходно сте го потпекле само половина минута на тефлонско нелепливо тавче без никакво масло. А на детската откако ќе се испече, ставете бејби спанаќ или салата по желба и 3 парчиња авокадо со малку сол.

 

На третата пица ставете парче печеница и ставете ја да се пече, а во меѓувреме на нелепливо тавче без масло направете кајгана од 1 јајце и пиперка ситно насечканаДоволно е да мешате 1 мин, а потоа извадете ја пицата, истурете ги јајцата додајте кашкавал и моцарела и печете уште 5 до 7 мин. На крај наросете рукола. Сите пици доколку ги направите тенки се печат за 12 до 15 мин.

 

Bon apettit

Мали совети

Секогаш внимавајте со брашното. Сите брашна се различни затоа додавајте постепено.

Ова тесто е погодно и за класична пица, само дуплирајте ја дозата и може да се користи и веднаш откако еднаш ќе нарасне на собна температура но нема да добиете исто тесто после печење, како она кое се ладело во фрижидер.

Доматниот сос може да отстои до 3 дена во фрижидер.

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account