Само ти роди-лесно ќе биде утре, ама утре
Само ти роди-лесно ќе биде утре, ама утре

Само ти роди-лесно ќе биде утре, ама утре

Не ни кажаа многу за тоа како ќе биде кога ќе станеме мајки. Оние први денови кога сè уште нема да можеме да се соземеме, со очи како ракун, гради како камен и низа од нерви. Многу од тоа важното ни го премолчиле. Свесно, со добра намера. Но патот до пеколот знае да биде поплочен со добри намери.

Она што не дочека по враќање дома со суштество од некои три килограми личеше на некој круг пекол. Иако бевме новопечени мајки и требаше да сме пример за среќа, задоволство, радост. Ете, чесно, чесно да се изразам, не зезнаa раскажувајќи како сето тоа, штом го прегрнеме новороденчето, е мед и млеко. Како ќе имаме насмевка џокер, а од градите само ќе потече. Наше е само да бидеме ведри и да го галиме бебето. Како само не зезнaа, ништо тука не тече само, освен солзи, но ниту пак тие често се радосници. Нема тука време на претек па само да лежиш и во полусон да ги штипкаш образите на своето бебе. Спокојна си како глушец во тонус. Ти доаѓа да скокнеш од балкон. Да влезеш во веце школката и да пуштиш вода. Да одиш до продавница и веќе никогаш да не се вратиш. Размислуваш дека си немајка, нечовек, дека си битие полно себичност, кое не пука од љубов, а би требало да си извор на истата…

Не, не е монолог, туку мисли од повеќе женски глави сублимирани во подеднаков трактат на секоја од нив за она што, народно кажано, се вика маки по пораѓањето. Последователно на тоа, а што е нешто што не излажале, пораѓањето баш боли, а она што те дочека знае да боли многу посилно, бидејќи за тоа сите, главно молчат. А ти не се сети да прашаш. Размислувајќи само како да го преживееш самиот тој чин на пресврт во мајка. Бидејќи, сите зборуваат како пораѓањето боли, а скоро никој не зборува што после се може да те боли. И не, ова не е текст за тоа како мајчинството е нешто грозоморно и не е текст за оние кои велат дека ништо од наведеното не им се случило – тие имале повеќе среќа во поделбата на карти и не знаат да знаат дали ќе биде и поинакво од нивното искуство. Ова е текст за она за кое од добра намера, неретко молчиме, а така не треба.

„Ах што не ми кажаа дека породувањето е како експлозија на Чернобил, тоа е и некако. Но не ме упатија дека мора да познавам цела хортикултура на Индонезија, сите тие чиа бобинки и сплет од останати житарки без кои детето нема да оди на факултет, бидејќи нема да порасне. Ми рекоа да спијам кога и бебето, само не ми рекоа кој ќе ги стерилизира шишенцата, ќе направи ручек, ќе го избрише подот…додека спие бебето. Телото да се врати во почетна форма, но мозокот секогаш останува потечен. Не ми рекоа да уживам, дека бебето е ок. Дека бебето сфаќа се како да ви е партнер. Дека не мораш да се чувствуваш како скот бидејќи не му пееш на бебето додека е во креветче бидејќи тоа е добро за левата хемисфера на мозокот. Дека лулката не мора да има испишано име на детето над неа бидејќи бебето не знае да чита, а ти ако не го знаеш името на своето дете дај го посвојување. Да е важно само да го гушкаш и носиш“, говори мама Сања Клисура.

И да, истакнува дека никој не ја подготвил на тоа дека сопружничката љубов познава граници кои често се натегнуваат и кршат на тоа колку пати твоето дете го преслекол, а колку часа ти претходно неговото дете си го чувала.

„Единствениот добар совет кој го добив е оној од кумата – потруди се да останеш жива“, додава таа.

Како што ни секое бебе не е исто, така ни секоја печена мама нема еднакви емоции, некоја повеќе, некоја помалку лошо се чувствува.

„Не ми рекоа дека ќе плачам со месеци, бидејќи од слободна и еманципирана млада жена се претворив во запуштена домаќинка и мајка, која нема време за себе и константно се чувствува лошо и изгледа. Не ми кажаа дека во наредните пет години нема да го подготвувам јадењето кое јас го сакам, бидејќи се приспособувам на она што го може детето, смее, треба да јаде, па престанав да уживам да јадам. Дека сум во служба на останатите и колку и да се трудам себе да се ставам на прво место, не ми успева“, вели Сандра Ѓурѓевиќ.

Воглавно, ретко која е апсолутно среќна. Премногу фактори за едно така ранливо битие-од тоа колку мажот е престрашен со доаѓањето на новиот член на семејството, преку тоа дали воопшто има партнер во сето тоа, тука е и помошта на околината и дали за тоа може само да фантазира или веќе вториот ден мора да стане и да го исчисти тоалетот, што ќе се јаде, кога ќе се спие, ја боли ли, бебето неутешно плаче-што му е по ѓаволите, јадеше, пресоблечено е, не му е студено, топло, му пушташ Моцарт цело попладне и го масираш по стомак додека како зомби со другата рака мешаш јадење, никој не те бара барем да праша дали си жива, бидејќи не сакаат да ти сметаат, никој не ти доаѓа, бидејќи те пуштаат да се одмориш, додека на огледалото наоѓаш дупка меѓу нозете, а за два дена трошиш трета кутија крем за околу очи.

„Кога дојдов дома, проблеми со гради, воспаление и температура 40. Докторите кажуваат едно, бабиците друго, мами/тетки/стрини трето-па снајди се, а се те боли и едвај одиш, а тоа малечко вреска бидејќи има грчеви. Па тоа чувство дека си одговорен за мало човечко битие, за кое уште ништо не чувствуваш освен таа одговорност. Чувство дека не си доволно добар, пораснал за таа задача, чувство дека се распаѓаш, а не смееш и немаш право, бидејќи тоа мало битие само од тебе има потреба, во тоа прво време“, се сеќава Сања Василиќ.

Струката вели дека жените денес во голема мера се неподготвени на она што ги чека по доаѓањето дома од породилиште. Иако сите информации ни се само клик далеку, навистина е тешко да се подготвиме на една така коренита животна промена како што е родителството. Психологот Зоја Ковачевиќ Лакиќ, од лично и професионално искуство наведува дека мајките често се затекнуваат себе како чувствуваат анксиозност, паника, тага, лутина…-се она што, мајка „не би смеела да го чувствува“, па потоа на сето тоа чувствува и вина по повод сопствени емоции и со тоа проблемот дополнително се продлабочува.

„Можеби е најважно да се каже дека е сосема нормално понекогаш (или многу често) да се чувствувате лошо по повод се она што улогата на мајка ви го донела. Не мора да уживате во секој момент. Одете со мали чекори, ден по ден. Некои работи просто ќе се решат сами од себе. Обезбедете си на себе што поголема поддршка од околината, барајте и прифатете помош, кажете им што ви треба, разговарајте за тоа како се чувствувате, искрено и отворено. Дајте си барем 10 минути за себе во својот претрупан распоред, одмарајте колку можете“; појаснува Зоја и истакнува дека сето тоа, секако, не се однесува на жените кои се соочуваат со постпородилна депресија, што е многу сериозна состојба и бара стручна помош.

Консултирајќи експерти, можеме да кажеме дека некоја жена ќе биде помалку тажна, друга ќе помислува на најлошо. Во сето тоа тешко паѓаат и неретки прашања на блиските од типот: „До кога ти сега мислиш да бидеш во таква ситуација?!, како што мене ме праша родената мајка, иако знам дека бескрајно ме сака, но одамна ме родила, па заборавила како е тоа. И како тоа го правела со задоволство.

Сепак, искрениот разговор, изгледа, е најдобра превенција. Искуствата од други не треба да не плашат. Тие може да бидат и лековити, ако ни помогнат нешто утре не затекне и дополнително не закомплицира веќе доволно комплицираната ситуација, исполнета со неизвесност, стравови, умор, болка. И да успеете што полесно да ги пребродите сите тие предизвици, па повеќе време да имате за убави мисли. Мајките од оваа приказна токму тоа и го порачуваат-се лошо што ви премолчиле би можеле да ви кажат, но за среќа, сето тоа има рок на траење.

Create Account



Log In Your Account