Скандал во Војводина: Почина жена, заразена со ХИВ преку трансфузија на крв
Скандал во Војводина: Почина жена, заразена со ХИВ преку трансфузија на крв

Скандал во Војводина: Почина жена, заразена со ХИВ преку трансфузија на крв

Жена од Војводина почина по трансфузија на крв заразена со ХИВ. Од институтот за јавно здравство на Војводина, објавија дека пропустот е направен во т.н период на прозорец, кој трае од шест недели до шест месеци. Во овој период, според нив, невозможно е да се утврди дали дарителот на крв е заразен со Хив.

Според нив, по сознанието за доброволниот дарител кој е ХИВ позитивен, спроведени се сите мерки за понатамошно ширење на инфекцијата. Директорот на институтот, д-р Владимир Петровиќ, тврди дека ова е прв случај на трансфузија на крв заразена со ХИВ на подрачјето на Војводина уште од 1985, кога се регистрирани првите инфекции. Според него, жената, чиј идентитет не се открива, починала од последицата на тежината на основната болест, додека биле преземени сите мерки на лекување.

Create Account



Log In Your Account