Споделете љубов за Божиќ
Споделете љубов за Божиќ

Споделете љубов за Божиќ

Во Македонија но и во целиот регион православните верници го слават Бадник и го чекаат Божиќ. Според традицијата на Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кое треба да ги грее и зближува членовите на семејството.

Како на нашите деца да им ја пренесеме традицијата на славењето на овие прекрасни празници?

Секогаш со топлина во душата се сеќавам на прославувањето на Бадник и Божиќ од моето детство. Собирањето на целото семејство на бадниковата трпеза и бескрајните приказни на дедо ми кои неуморно ги раскажуваше за да останеме будни и симболично да го дочекаме Христовото раѓање- Божиќ.

Сега, гледајќи од оваа перспектива сфаќам како нашите баби и дедовци, родителите, на многу суптилен начин не учеле на љубовта, почитувањето и милосрдието. Божиќ е празник полн со симболика, суштината на неговото празнување е во споделувањето на љубовта, тоа е она вистинското што треба да ги научиме нашите деца. Божиќ е пригода за мали ритуали преку кои на свој начин ќе им ги пренесете духовните вредности на децата, за еден ден со насмевка на лицето да се сеќаваат на празнувањето на овој прекрасен ден со своето семејство.

За Женски МагазинРужица Митровиќ-Дипломиран педагог

Create Account



Log In Your Account