Тања Кармзова Костиглиола: Кога дојде во февруари
Тања Кармзова Костиглиола: Кога дојде во февруари

Тања Кармзова Костиглиола: Кога дојде во февруари

Ти ги збунив клетките
давајќи ти илузија на зраци,
а никогаш светлина. 
Ти живнаа пупките
од божемна фотосинтеза
и ти се ширеше постоењето.
Од моето ритмично дишење
остана само бревтање
на долгогодишен пушач.
Те фрлив позади куќата,
заради домот.
И сè додека ти пушташ корења –
– ќе ми се нишаат животните темели.

За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола

Create Account



Log In Your Account