Тања Кармзова Костиглиола: Меѓу душата и снагата
Тања Кармзова Костиглиола: Меѓу душата и снагата

Тања Кармзова Костиглиола: Меѓу душата и снагата

Мојата душа е бездомник.

Безделничи катаден на

екстремни услови,

па свива опаш кога ќе ја

убие здодевноста

и се цеди ко низ газа во

телото.

Затоа не ви се чинам

бездушна.

Мојата душа е блудница.

Плука огнови по

педантните листови

на туѓи, краснописни

судбини,

па уморна ми лежи на

колена.

Затоа не ви изгледам

лежерно.

Мојата душа е фортуна.

И ѓаволско топче.

Чипичан со кинески

батерии.

Замок од школки

пред песочна бура во

Сахара.

И како таква,

не ја засега каква ми е

снагата.

За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола

 

Create Account



Log In Your Account