Тања Кармзова Костиглиола: Под чаршафот
Тања Кармзова Костиглиола: Под чаршафот

Тања Кармзова Костиглиола: Под чаршафот

Носиме дамари,
стотина дипли неостварени средби.
Долж секоја гужваница
уморен лежи сомнежот.
Ги виткаме ‘рбетите 
за да се сместиме во просторот
што светот прифатил да ни го отстапи,
ги преплеткуваме нозете
за оптимално да ја уживаме
секоја педа месечарење,
блескаме во универзумот
како будалетинки што се напиле
флуоресцентна страст од чаша шампањ.
Не, немаме ние отповеќе верба,
ни место,
ни магнетизам,
но во нас вреска енергија
способна да го светне фенерот
на илјадници галаксии.
Чинам,
нема помоќен момент
од оној кога ни секнува силата
и се препуштаме на клеточната атонија.
Чуму силување на умот,
место милување на телото?

За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола

Create Account



Log In Your Account