ТОНИ ЗЕН СКИЈАШЕ НА ИЗГРЕЈСОНЦЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Не ми беше страв да ја искачам Церипашина во темница
ТОНИ ЗЕН СКИЈАШЕ НА ИЗГРЕЈСОНЦЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Не ми беше страв да ја искачам Церипашина во темница

ТОНИ ЗЕН СКИЈАШЕ НА ИЗГРЕЈСОНЦЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Не ми беше страв да ја искачам Церипашина во темница

Тоа утро го искусив најдоброто афтер-забава на Попова Шапка. Журката почна во 3 часот наутро кога почнавме да се качуваме, а заврши кога по изгрејсонце скијавме надолу, во 7.30.

Хип-хоп и аренби музичарот и текстописец Тони Зен доживеа неверојатно искуство, искачувајќи се навечер на планинскиот врв Церипашина на Шар планина. Тони вели дека воопшто не било страшно да се искачи на врвот кој е висок 2,525 метри во темница.

Прв пат почнав со турно скијање во 2014 година. Турно значи качување на планини со скии на нозе, за тоа е потребна посебна опрема.- Тони на скијање

„Напротив, не ми е прв пат, јас вакви авантури секогаш сум сакал“, ни изјави Тони. Авантурата продолжила со скијање на изгрејсонце со неговите пријатели од екипата која ја нарече „Dawn Patrol #3“. Зен со нас го сподели искуството од спортот со кој се занимава веќе три години, турно качување и турно скијање.

„Прв пат почнав со турно скијање во 2014 година. Турно значи качување на планини со скии на нозе, за тоа е потребна посебна опрема. Везот на скијата се откачува од петата за качување, а потоа за спуштање надолу се заклучува и се вози како со нормален скијачки вез. По темница да се качуваш нагоре на Церипашина е прекрасно, особено кога небото е чисто како што беше случај таа вечер“, изјави за Женски Магазин Тони и додаде:

Да скијаш на изгрејсонце е просветление.- погледот на Тони од Церепашина пред да се спушти надолу

„Тоа утро го искусив најдоброто афтер-забава на Попова Шапка. Журката почна во 3 часот наутро кога почнавме да се качуваме, а заврши кога по изгрејсонце скијавме надолу, во 7.30. Благодарност до екипата со која бев: Методи Чилиманов, Маја Мухиќ, Александар Запачиев, Игор Талевски и уште неколку други. Скијањето на изгрејсонце на Шапка за мене беше просветление“, раскажа Тони.

Дека е авантуристички дух, раперот докажа и со учеството во балканското реално шоу „ВИП Преживеан“, кое заедно со познати личности од регионот го снимаше на Филипините во 2010 година и го освои второто место. Тони по враќањето од Филипините каде што остана неполни три месеци изјави: „Воопшто не се плашевме да спиеме надвор меѓу змиите и сте други животни и инсекти. По едно ваков искуство, сфаќаш дека најголемите ѕверови сме ние, луѓето“.

По темница да се качуваш нагоре на Церипашина е прекрасно, особено кога небото е чисто како што беше случај таа вечер“, изјави Тони

Во 2011 година, неколку месеци по завршувањето на шоуто, Тони Зен спектакуларно влета во салата Борис Трајковски на неговиот прв солистички концерт. Наместо од сцената, публиката ја поздрави од покривот. Заврзан со јажиња, а облечен во стилот на Кларк Кент, новинарот кој се претвора во супер јунакот од филмскиот хит „Супермен“, Зен го започна концертот.

Во моментов е актуелен со настапи со својот бенд „Флека“ а беше дел и од македонско-бугарската турнеа „One Love“ заедно со Слаткаристика, диџеј Гоце Саф и уште неколку бугарски хипхоп и аренби пејачи.

За Женски Магазин, Милица Џаровска

Create Account



Log In Your Account