Три интересни и поинакви идеи: Како да го прославите Денот на вљубените
Три интересни и поинакви идеи: Како да го прославите Денот на вљубените

Три интересни и поинакви идеи: Како да го прославите Денот на вљубените

До денот на вљубените има уште една недела, но тоа не значи дека е прерано да ја планирате прославата за 14 февруари. На овој ден, ќе има гужви во сите ресторани и кинотеки, а за да не си го расипете своето романтично расположение, туркајќи се и чекајки во редици, поминете го Денот на вљубените на свој начин.

Како прв пат

Сетете се како изгледал вашиот прв состанок. Веројатно се сеќавате на оние чудни емоции со саканата личност и затоа повторете го својот прв состанок до најмали детали. Ако првиот состанок го поминавте во кино-14 февруари, посетете го истото кино, одете во истиот кафе бар, а вашиот дечко ќе ви подари цвеќе „за прв пат“.

Симбол на љубовта

Дали сакате романтика и сакате нешто да направите на овој ден кој симболично ќе ве обедини со својата сакана/сакан?

Купете батериска ламба во облик на срце, а потоа закачете ја на посебно место. Уште една одлична опција е заедничка фотофрафија. Благодарение на тоа, сеќавањето на овој ден ќе остане многу години.

Секси игрички

Сексот е уште еден начин успешно да го прославите Денот на вљубените. За да го паметите овој датум направете нешто неочекувано.

Можете да преземете соодветна апликација на вашиот паметен телефон. Можете да ги најдете на  Google Play и AppStore.

Можете со својот партнер да правите интересни секси задачи, а покрај тоа и да организирате играње на улоги, но прво испитајте го својот партнер и внимателно откријте ги сите негови фантазии.

Create Account



Log In Your Account