Утринско кафе со Александра Иванова: Осамувањето како средба со себе наутро
Утринско кафе со Александра Иванова: Осамувањето како средба со себе наутро

Утринско кафе со Александра Иванова: Осамувањето како средба со себе наутро

Денот ми почнува со средба со себе.

Првите пола саат ги минувам со себе. Се штимам, на некој начин како инструмент 😉. Потоа го пијам првото кафе заедно со мажот ми, па скоро секогаш имаме инспиративен разговор, разменуваме нови идеи и си влеваме ентузијазам заемно. Така денот  ми стартува инспирирано.

Инаку секој ден ми е различен, нов.

Голема страст чувствувам во правењето на накит, тоа ми влева многу енергија, чувство на бескрајна инспирација и креативност.

Важно ми е денот да тече да струи…Да има флуид, а и знам сама да го правам таков.

Навечер сакам да гледам филм. Периодов гледам стари црно-бели филмови од 70′ 80′ …уживам.

Книги сакам многу… И имам период кога читам кога не читам мажот ми обожава да ми чита …понекогаш заедно читаме цела книга…или списание.

Сè на се важно ми е чувството на благодарност во денот.

Create Account



Log In Your Account