Утринско кафе со Елена Крстевска-Fancy Marriage: Денот ми почнува со прeгратки
Утринско кафе со Елена Крстевска-Fancy Marriage: Денот ми почнува со прeгратки

Утринско кафе со Елена Крстевска-Fancy Marriage: Денот ми почнува со прeгратки

Денот го започнувам со гушкање и љубов од децата и сопругот, ја испраќам Јана во училиште, а Анја во градинка. Седнувам да го испијам првото утринско кафе сама со компјутерот пред мене, за да видам кои ми се обврските во текот на денот. Одговарам на пораки, пишувам понуди на клиенти и Инстаграм менија:)

Мотивација ми е се што ме опкружува. Првенствено семејството, а во текот на денот и сите клиенти и пријатели со нивните желби и сугестии. Се трудиме во текот на годината да посетиме 2-3 саеми или семинари во нашата професија, а омилен ми е најголемиот светски саем на цвеќето во Холандија. Добар дел од Fancy инспирацијата ја црпам од тие настани.

Во сезоната на свадби, имам најголеми обврски како и планирање на денот околу нив. Најпрво правам план што сè треба да се организира за некој настан, па започнуваме со подготовки заедно со мојот сопруг и нашиот тим.

Еден дел од денот го посветувам и на бутикот за цвеќе Fancy Flower Boutique, со цел да внесеме нешто ново и креативно.

Кога е „потивок“ периодот, знам да се препуштам на денот и моменталното расположение, па да останам дома и по цел ден со фамилијата.

Денот го завршувам со моите сакани, цртаме, пишуваме, раскажуваме како сме поминале во училиште и градинка, а јас и тато со работа и состаноци. Многу често денот ми завршува со чаша добро црвено вино за подобар сон;)

Во последно време книгата ја менувам со читање приказни за добра ноќ, а гледањето филм со дружење со блиски пријатели или некоја театарска претстава.

Create Account



Log In Your Account