Утринско кафе со Ема Темелковска: Гласот на синот е најубавиот будилник
Утринско кафе со Ема Темелковска: Гласот на синот е најубавиот будилник

Утринско кафе со Ема Темелковска: Гласот на синот е најубавиот будилник

Мама Ема стани одма! Ова е реченицата која веќе неколку месеци е првото нешто што го слушам во утринските часови. Симпатичен аларм, нели? • Потоа следат утрински прегратки и по нив сум полна енергија како да сум испила дупла доза кафе. Домот го напуштам кон 9 часот, а првото кафе практикувам да го испијам во канцеларија, работејќи на дневниот план и прегледувајќи мејлови. Овие триесетина минути ми се клучни и преферирам да бидам сама и фокусирана, бидејќи ми го креираат целиот понатамошен ден со сите претстојни активности и планови.

Интензивниот почеток на денот, полниот распоред и добрата организација на обврските се практично моментот што ме мотивира и ме полни со енергија за да го поминам денот со полна пареа, барем во делот на работните обврски. Несомнено најголем мотив ми се супер креативните идеи кои најчесто ги разгледувам наутро, секако изработени од страна на тимот.

Што се однесува до домот, таму имам сосема други извори на мотивација, особено периодов кога, Исак, мојот син, е на возраст во која креирањето игри и приказни е на прво место.

Приоритетни ми се обврските во Идеа Лаб, т.е средбите со клиенти и соработници, куси брифови со тимот како и институционални и административни активности кои не се чести, но се случуваат. Потоа има еден дел од денот што го посветувам на себе и стекнување на лична експертиза, независно дали тоа е читање на онлајн четива од мојата област на интерес или пак подготовка на час за мојот менторски ангажман во Њу Менс Академијата.

Попладневните часови се посветени на семејни активности, кои најчесто подразбираат прошетка, заеднички ручек или вечера. Последниве месеци практикуваме да го посетиме Водно и барем накусо да уживаме и да играме на чист воздух. Генерално денот ми е поделен на два сегменти, Идеа Лаб и моето семејство. Нормално постојат денови кога е невозможно да се запази оваа динамика, па денот се претвора во маратон исполнет со средби, состаноци, настани…

До пред 2 години многу сакав книги и филмови • Се шегувам. Но, искрено, се поретко имам време за подолго опуштање. Знам да си дадам куси паузи за сопствено задоволство, прошетка, масажа, средба со пријателките… Мислам дека сум во период кога фокусот ми е да обезбедам среќно и безгрижно детство на мојот син, а наскоро и ќеркичка, така што сега задоволствата ми се игри со животни, колички, дрвени коцки, стикери, боенки … •

Create Account



Log In Your Account