Утринско кафе со Слободанка Тренчева: Ме мотивираат предизвици
Утринско кафе со Слободанка Тренчева: Ме мотивираат предизвици

Утринско кафе со Слободанка Тренчева: Ме мотивираат предизвици

Денот ми започнува со „smoothie“ („Смути“) бидејќи кафе престанав да пијам веќе неколку години. Во Скопје го прават на повеќе места, но поради амбиентот и пријателите со кои се среќавам, го одбирам „Винил“.

Ме мотивираат предизвици. Ако замислам дека некои диџеи треба да бидат слушнати во Скопје, упорно работам на таа цел. Затоа клубот „Епицентар“ и музичката платформа „Win music freedom“ („Вин мјузик фридом“) успешно направија пресек на најквалитетните артисти во светот да бидат слушнати во Македонија. Предизвик ми се и светските стандарди кои се дел од една журка: звук, светло и целосен изглед на просторот. Воедно, не смее да се исклучат маркетингот и промоцијата на истата. Тоа е она што е моја обврска, задоволство и предизвик.

Мојата работа не познава дневна рутина, бидејќи буквално има денови кои ги поминувам во состаноци или мониторинг на промотивниот материјал за забавите. А доколку денот не мие толку/така густ со обврски, обожувам да се рекреирам.

Ноќта е мојот омилен период. Ако не сум на журка или на настан на покана на некој од многубројните пријатели, јас одбирам да сум со моите најблиски.

Кога не го живеев овој динамичен живот на менаџирање клуб и журки, не пропуштав добра книга или филм. Сега се препуштам само на добра музика.

Create Account



Log In Your Account