(ФОТО) Викиншка плетенка, Армани креација и настап кој расплака многумина: Лејди Гага вака ги обележа „Греми“ наградите
(ФОТО) Викиншка плетенка, Армани креација и настап кој расплака многумина: Лејди Гага вака ги обележа „Греми“ наградите

(ФОТО) Викиншка плетенка, Армани креација и настап кој расплака многумина: Лејди Гага вака ги обележа „Греми“ наградите

Американската пејачка која Греми па и други музички награди ги користеше често за провокација, посебно во сфера на костимите овој пат ги освои сите присутни но и нас кај малите екрани со изборот на впечатлива Армани креација која се состоеше од чипкан комбинезон, а забележителниот глам момент во вид на светлукав вез и раскошно здолниште од полумат сатен.

Дивата, како многумина на манифестацијата изданието го финишира со бела ружа на десното рамо, со која официјално се солидаризираа со  #TimesUp иницијативата која е покрената од страна на холивудските актерки поради борбата против сексуалното малтретирање и напади.

Сепак, најголемо внимание привлече нејзината феноменална плетенка налик на оние кои ги носеле жените на Викинзите или средновековните племенки во Британија.

Додека црвениот тепих го покори во црна креација, на бина излезе како некој анѓел да изведе две песни од својот албум Joanne.  Гага изгледаше кревко, нежно и женствено во светлорозева тоалета од слоевит тил.

Нејзината акустична верзија на песната Joanne на калвир по кој имаше прострен пердувеста бела прекирвка а целосен ангелски ефект, додека Марк Ронсон ја следеше на гитара емотивно ја потресе пејачката која во еден момент пред преминот на другата песна  “Million Reasons” го спомена “Time’s up” алудирајќи на анти-сексуалното движење.

Create Account



Log In Your Account