(ФОТО) Како да носите лакирани чевли во 2018-та
(ФОТО) Како да носите лакирани чевли во 2018-та

(ФОТО) Како да носите лакирани чевли во 2018-та

Оваа сезона сјајните обувки повторно се враќаат во светот на модата. Ако се уште сте убедени дека лакираната кожа е елемент на провинциска гардероба, тогаш ќе ви го докажеме спротивното.

Колку повисоки толку подобри

Интересна и храбра опција за оваа зима – чизми до колена или малку погоре. Ако чизмите од класична кожа веќе долго се признаени како класика, тогаш лакираните високи модели се нов тренд. Важно е да изберете чизми кои ќе и одговараат на вашата фигура и кои визуелно нема да ви додадат неколку дополнителни килограми. Лакираните чизми ќе изгледаат совршено со едноставна мини сукња и минималистички капут во тон со чизмите.

„Машки“ чевли

Моделите на обувки, кои жените ги позајмиле од машката гардероба, конечно воспоставија статус на универзални обувки. Оксфорд чевлите се опција за секоја трендсетерка, која е изморена од високите потпетици. Строги панталони, јакна со висок шал и лакирани чевли во машки стил-идеална комбинација за првите денови од пролетта.

Британски акцент

Постојат чевли кои ги замаглуваат границите помеѓу секојдневниот и бизнис начин на облекување. Сјајните чевли од кожа со еластични рабни умеси и елегантна квадратна петица се создадени за деновите кога немате време за креирање на изглед со многу детали. Најдобро е да ги комбинирате со тесни панаталони, мини или миди здолништа, како и фустани. Додајте ташна и заокружете го вашиот стајлинг.

Франциски шик

Лакирани чизми-до глуждовите повторно доаѓаат од модерниот заборав. Денес во мода се модели со стабилна пета. Ако сакате да додадете уште еден лакиран елемент во својот изглед-изберете ташна. Главната работа не е претерување, вашиот стајлинг мора да има само еден вид на сјај. Најдобро е лакираните чизми да им се прилагодат на здолништа или кошули во ист тон.

Гранџ стил

За креирање на комбинации во гранџ стил побарајте совршено удобни чевли. Изберете модели на мала платформа со траки или копчиња, мартинки или модели со вез-опциите се бескрајни. Лакираните груби чевли ќе го покажат вашиот темперамент и совршено ќе се сложат со вашите омилени фармерки и темен џемпер. Главно правило е повеќе слоеви и бунтовничко расположение.

Create Account



Log In Your Account