(ФОТО) Како изгледаат денес ѕвездите од филмот „Брилијантин“
(ФОТО) Како изгледаат денес ѕвездите од филмот „Брилијантин“

(ФОТО) Како изгледаат денес ѕвездите од филмот „Брилијантин“

Малку повозрасни, но и понатаму шармантни…

Верувале или не, оваа година се обележуваат 40 години од првото прикажување на еден од најромантичните филмови на сите времиња „Брилијантин“.

Џон Траволта и Оливија Њутон Џон, актерите кои ги глумеа Дени и Сенди во култниот филм од 1978 година, повторно се сретнаа на гала вечера во Лос Анџелес. 63-годишниот актер и 69-годишната актерка и пејачка заедно одржаа говор на бина.

Оливија во мај лани откри дека втор пат се бори со ракот. Имено, 25 години откако прв пат и бил дијагностициран рак на дојка, докторите откриле дека ракот се вратил и метастазирал. И покрај здравствените проблеми, Оливија освојува со шармот каде и да се појави.

„Немам веќе болки и сум среќна што можам повторно да работам“, рекла таа во ноември лани. Актерката исто така ги потврди гласините за идејата за повторно собирање, но не потврдила ништо официјално.

Create Account



Log In Your Account