(ФОТО РЕЦЕПТ) Вкусни крофни-куглици кои ќе сакате веднаш да ги направите
(ФОТО РЕЦЕПТ) Вкусни крофни-куглици кои ќе сакате веднаш да ги направите

(ФОТО РЕЦЕПТ) Вкусни крофни-куглици кои ќе сакате веднаш да ги направите

Понекогаш за добро расположение едноставно ни е потребно нешто слатко!

На пример крофни? Или можеби некој колач? Но тогаш се сетиме дека немаме многу време, како и дека не ни се трошат мноогу пари на намирници … Можеби тоа чувство за слатко ќе помине или пак  не? Ако низ глава ви поминуваат вакви прашања од време на време, тогаш овој рецепт е токму за вас.

 

Ви требаат само неколку минути подготовки, додека нивниот вкус е воодушевувачки. Со нив може да додадете различни преливи, а ние избравме универзална чоколада.

Состојки:

– 250 гр брашно
– Едно јајце
– 200ml јогурт
– 3 лажички шеќер
– 2 лажички ракија
– 1 лажичка рум
– Две мали лажички прашок за пециво
– 1л од сончогледово масло (или друго растително масло за пржење)
– малку сол

Подготовка:

-Измешајте го брашното и пецивото во еден сад.

-Во друг измешајте ги јајцата, шеќерот и солта, па после тоа румот и ракијата и на крај јогуртот. Кога сите состојки се соединат, додајте им ја смесата од првата чинија. Во смесата можете да додадете зачини како цимет, но и додатоци како чоколадни мрвки или суво грозје.

-Во подлабок сад (или уште подобро фритеза) ставете масло така што кога ќе ги ставате топчињата да не го допираат дното на садот. Загрејте го на средна температура-никако на превисока бидејќи нема да испаднат убаво.

-Со мала лажичка земајте од смесата така да формирате куглици, а потоа ставајте ги во загреаното масло. Пржете ги додека не поруменеат од двете страни. За сервирање се подготвени веднаш по пржењето.

 

 

Create Account



Log In Your Account