(ФОТО) Серијата „Династија“ вистинска модна инспирација
(ФОТО) Серијата „Династија“ вистинска модна инспирација

(ФОТО) Серијата „Династија“ вистинска модна инспирација

Култната серија од осумдесетите години се враќа.

Американската телевизиска серија „Династија“ толку ги одбележа осумдесеттите години од минатиот век што Карингтон и Колби се враќаат во нова верзија во 2017 година.

Новата „Династија“ го следи животот на семејството Керингтон, а Грант Шо ја толкува улогата на Блејк. Во оригиналната серија, што се емитуваше од 1981 до 1989 година, ликот на Блејк го глумеше Џон Форсајт. Тој беше замислен како пример за морал и жртва на каприците на поранешната сопруга Алексис (Џоан Колинс). Втората сопруга на Блејк, Кристл, која претходно ја толкуваше Линда Еванс, сега ќе ја глуми Натали Кели.

Сепак, постојат некои разлики со оригиналот. Приказната сега не се одвива во Денвер туку во Атланта, а ривалите на Керингтонови, семејството Колби, овој пат се со афроамериканско потекло.

Меѓутоа, во овој „римејк“ ќе може да уживаат и сите обожаватели на модата, бидејќи  „Династија“ претставува и вистинско модно шоу, а фотографиите го докажуваат токму тоа.

Чевлите на Валентино, фустаните на Долче и Габана и Сен Лоран, чантите на Шарлот Олимпија се само дел од модните додатоци кои се забележуваат.

Create Account



Log In Your Account