,

Академијата за Маркетинг и ПР на CreativeHub со успешни и докажани експерти од областа

Домашни, докажани и успешни експерти во полето на маркетингот и ПР-от ќе бидат предавачи на Академијата за Маркетинг и ПР на CreativeHub,која почнува со работа на 15 февруари.Академијата по многу нешта се разликува од она што во оваа област се нуди во образовниот систем во Македонија и е направена според одредена програма изработена од наставно-научен борд чии носители се магистрите Сергеј Зафировски,Радмила Павловска, Огнена Васиљевиќ, Сузана Никифорова, докторантот Дина Муцунска, како и тим предавачи од агенциите McCann и Елемент ПР. Секој предавач има разработено програма која вклучува експертско искуство во форма на теорија, но и работа во групи на одреден проект како практичен дел од предметот. Покрај редовните предавачи, на Академијата за Маркетинг и ПР за време на студирањето студентите ќе имаат можност да слушнат еднодневни предавања од експерти од областа како Коста Петров, Ирина Маја (McCann Македонија) и Борис Ефтимовски (Маркетинг365). Предавања се планирани да бидат организирани во групи од 5 до 10 слушатели, три пати неделно во траење од по 120 минути, а наставата ќе се организира во попладневните часови за да можат да ја посетуваат и оние кои се вработени. За сите кои сакаат да посетуваат пракса, CreativeHub потпиша договор со десетина маркетинг агенции, како The P World, MomentumInc. Insider ID, Елемент ПР, каде студентите ќе можат да одат на платена пракса. Со цел овозможување квалитетна едукација за што повеќе заинтересирани и олеснителни околности за плаќање, CreativeHub склучи договор со НЛБ Банка за плаќање на рати и тоа до 36 месеци, без камата. За сите заинтересирани повеќе информации за Академијата за маркетинг и ПР се достапни на официјалната страна на Creativehub.