АЛФА ЖЕНКА

  Со насловот сѐ сум ви објаснила, ама не сакам да останете припрости, па ќе ви дообјаснам. Не ви дообјаснувам дека сум брблива фалбаџика, туку дека ептен ми запнавте. А ич не ми се збори… Не бре! Лажам! Отворајте очи, бришете монитори! ХИР АЈ ГОУ! Животов ме научил дека понекогаш треба да затепаш некого, не дека сакаш, мораш! А јас кога тепам-ТЕПАМ! Последното солидно млатење по улици ми беше пред 5 години во Капиштец. Во меѓувреме имаше ’рчкања, ама никогаш не стигна до интересното. Башка некој што ме знае ме граба за коса секој пат кога ќе срипам. Беше Февруари, камен ладно, сезона на парење на мачки, ама јас сум бесна кучка, па не се реметев многу. Си се шетам спакувана ко еским на експедиција, кога мое око соколово здогледува како неправда се нанесува на невини жртви. Едно машко сушчесво поминува покрај маалските кучиња, ги одминува и се врти да ги клоцне. Така му дојде. За чисто и за мешаници. Само да знаеше кој закон владее во Капиштец и пошироката околина, немаше ни да се осмели попреку да ги погледне моите верни четириножни пријателчиња. Е од кога ги промаши, мојава банда почна да лае и да покажува заби, што јас во нашата долгогодишна дружба никогаш ги немав видено. Кога ме мавна адреналин, мислев ќе полетам од космодромот Капиштец. Во такви моменти и Грингер станува необичен, па морав необично да се замешам, пред жив да го изедат. Не за друго, ќе се отрујат од таква мувла од човек. Додека јас ги тргам на страна кучињата, што сушчесвово ги разбесни, тој бара камен да ги мавал на страна. Е сега…не може да е само толку. Особено не кога сум јас во прашање. Додека јас ги тргам на страна кучињата, што сушчесвово гнaсно ги разбесни, тој бара камен да ги мавал. Леле кога го видов…оган од уста почна да ми излегува, пареа од уши и грмнав фамилијарно да општам со него. Ни тој не беше баш фин и културен, ама ако. Само што стигнав до трето колено со неинтелектуална прозивка, му текна дека сака да ме удри по раменици. И ме удри. А мене ми текна дека сакам да му здрвам бокс. И му здрвив! Само што го бапнав помислив: леле, ако ми врати, наочариве ко леќи ќе ми ги намонтира. Колку мене беше голем, ама нему тестостерон му дава сила, а мене естроген ми дава пискав глас. Штом почнав, ќе си довршам, па макар и крв проплукала. Го грабнав за јакна, пошто стварно мислев ќе се дотепуваме, ама тој имал друга мисла. Мислел да кидне. Не ќе да е така лесно. Се мачев да го додржам, ама веќе почнаа ноктите од лежиште да ми се изместуваат, а богами и тој успеа да ме докачи по наочарите. Паника чуда прави. Го пуштив и го снема до второ мое трепкање. Не сум видела машко толку брзо да избега. Па не му кажав дека сум трудна побогу! Јуначиште - сељачиште! Трк до дома, да се замијам и да проверам на што личам пред блиски средби со ужа фамилија. Полека и внимателно ѕиркам во огледало од две причини: прво: да не го ’рснам огледалото нагло ако му се појавам после тепачка и второ да не ми се дигне коса на глава ко на Марџ Симпсон па да не можам да излезам од купатило. Се разгледав убаво, нема знаци на ќотек, само малку црвено од рамките на наочарите. ОЛ ИС ГУД. Никој нема да примети дека сум правела ’ршум по градов. Колку ли само згрешив!!! Ме гледаат по дома:
  • Што ти е на окото?
  • Ништо…-тивко тивкичко и веднам глава
  • Што ти на окото?!?!-погласно
  • Се тепав...... - шепкам
  • Не ме зезај, кажи!
И кажав се. Како можев да помислам дека нема да приметат. Од како ме испокараа што не сум ги викнала и дека сум била девојче и не сум требала да се тепам, дојде моментот наречен опис на злосторникот. Што да кажам? Моја висина, моја возраст, кожна црна јакна и фаца доживљај године! Дури и мајка му го убедува дека подрумот е поубаво место за живеење, а ноќта за шетање. Тоа лице секој ден со варикина да се полева, 6 месеци по ред, за да заличи ко да нема подхранувачка маска од мајонез на него, со недеж дека трепавиците пак ќе пораснат. МОРА ТАКА! За да не се труматизира нацијава. Малку ли им беше 5 века турско, сите убави жени им ги покрадоа, убави мажи за јаничари и еве…овој е потомок – остаток. Ќе се сили на кучиња, ќе тепа девојче и ќе бега како што јас никогаш не сум бегала. Јуначиште-сељачиште! Тепачкава не беше ништо ново за мене. Така растев. Падни-стани и еве фино си пораснав. За Женски Магазин, Огнените Ѕверови на Дамјана