Ана Бунтеска: Во длабокото пиле…во длабокото

Во длабокото

Во некои чудни води

Шарени и црно-бели

Во кои небото се огледува

И единствен звук е дишењето

Далеку

Многу далеку од брегот

Кој ниту двајцата го гледаме

Таму ти и јас пливаме

Онаму кај што толку длабоко е

Што и да решиме да потонеме

Тлото нема да го најдеме

Онаму пиле

Во длабокото

Во вода полна желби

Во синевина во која мир имам

И која од страв душава ми ја собира

Оти таму и во воздух исто ми е

Како да не постојам

А толку многу будна сум

Доволно за секое твое движење да го сетам

Иако очиве замижани ми се

Цврсто стиснати ко да ќе оќорам ако ги отворам

Во длабокото

Таму нозеве околу тебе да ги свиткам

И глата наназад да ја држам

А водата во црвено од косава да ја бојосам

Таму

Кај што никој не се осмелува да заплива

Во мене да те сетам

И да не знам дал твоите раце околу полојнава се

Или водата со мене си поигрува

Таму пиле

Таму ти и јас на солена вода мирисаме

И солта еден од друг ја лижеме

Жедни за уште

Жедни за појќе

И се’ подалеку одиме

Ко силата векој да ќе не’ држи

За да не се удајме

Еден со друг се милуваме

Далеку а толку блиску

Блиску а ко ние да не сме

Во длабокото

На работ од плутање на површината

И неповратно одење удолу

Таму стоиме

Сега веќе и двајцата со очи ширум отворени

Се пулиме

Еден во друг се џариме

И не знаеме како до таму стасавме

Со мисла која во главите ни клука

На безбедно

На суво

На цврсто тло да се вратиме

Та некаде таа мисла во умојте ја закопуваме

И во вода упорно седиме

Ти во мене

Јас со ноктиве во тебе закачена

И низ болка се смееме

А низ смеата се љубиме

Во длабокото пиле...во длабокото

За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска Фото: Александар Колов