Ана Бунтеска: Срцето мое свој пат има

Никојпат не е ко шо сакаш да натокмиш пиле
ќе излези секогаш нешто шо ќе те измести
ко да сака некој од горе да си поигра со тебе
и те остава сите планови да ги суредиш
та после ти се смее
и со прст накај тебе покажува
дур коцките шо едвај си ги наместил
ко мало дете со еден лесен удар ти ги разместува
е не е
никогаш не е ко што ќе намислиш да биди
и ако си немаш друга работа прави планови
цртај
реди и прередувај
џабе ти е
оти нештата излегуваат онака ко шо треба да бидат
по некој свој ред кој може и да не ти е јасен
а тебе дал ти се бендисува тоа или не
ех, кој те прашува и кого го интересира
твое е само да преживееш
и ако ти се наредат работите ко што си сакал
и ако ти натежни на душата оти бадијала си се мачел
твое е само силен да си
глата угоре да ти е
да стегниш заби
и да продолжиш да чекориш по секоја цена
да се помириш дека некогаш она што најмногу го сакаш
за срцето твое отров е
и дека не чини дека не го бива
и чекорејќи да си со душа голема и широка
та во од со едната рака да го пуштиш чоек
а со другата да го погалиш по лицето
за да знае дека си му простил
дека лоша мисла за него немаш
ех, пиле
никогаш не било ко шо сакам
или ко шо сум си замислувала дека ќе е
и не дека лошо било
или дека не можело поарно да биди
ама секогаш било различно
и никогаш не било ко шо сакал умот
туку како што срцето ќе навјаса
тоа ко шо ќе речи само така било
и така ќе биди
и душава како што тагувала
и од телово ми се корнела
така бивало и никако поинаку
и на старост истото е
истата сум
само што сега неќам ништо да токмам
и само пуштам да видам до кај ќе ме дотера срцево
а јас слепо по него одам
оти и тоа свој пат си има
и си тера без лево и десно да се пули
храбро и лудо
а јас го оставам пустото
оти тоа поарно и од мене знае
тоа поарно и од мене местото ми го знае
до тебе, за до себе полесно да стасам
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска