,

Андрија: Сигурно нема да останам ерген

Иако е планирано до крајот на годината да застане на „лудиот камен“, Андрија Милошевиќ, еден од најпопуларните актери во регионот кој веќе пет години ужива во среќна врска со колешката Александра Томиќ, вели дека тој план ќе мора малку да почека. Да го промени животот од корен, познатиот Црногорец го спречуваат бројни неодложени работни обврски. Колку и да смета дека нешто треба и може да се испланира, Андрија остава простор и за интуицијата. „Се зависи од тоа како кој гледа на животот. Мислам дека луѓето, пред се, мора да се слушаат себе и реално да ја согледуваат реалноста. Бидејќи, кога живеете рутински, тоа може да направи проблем. Кога одлучиме да се венчаме, ќе се слушне“, вели актерот со насмевка и додава дека себе си и тоа како се замислува во улогата на татко, но дека за родителство сега нема време. „Како и секој нормален човек, така и јас планирам проширување на семејството и сигурно нема да останам „ерген“. Моментално не сум во можност целосно да му се посветам на родителството колку и да го сакам тоа. Александра и јас имаме отворен однос и знаеме дека се ќе дојде кога му е време“, вели  Андрија, кој со својата партнерка го дели не само приватниот живот , туку и сцената, пишува CdM. Во актерството на Андрија македонската публика има прилика да ужива секој ден во серијата „Андрија и Анѓелка“ која се емитува на Телевизија 24.