Ања Ветерова го добила името по историска личност

Една од ретките работи што нè следи цел живот е името. Секое има посебно значење кое во најголем дел ја опишува личноста која го носи. Интересна приказна на оваа тема има младата пејачка Ања Ветерова. 


„ Крстена сум по последната руска принцеза Анастасија која нагалено ја викале Ања, Ањyска. Бидејќи сум родена во август, мајка ми криејќи се од сонцето последните денови од бременоста ги поминувала дома на ладно, гледајќи филмови. Омилен ѝ бил анимираниот „Анастасиа“ и карактерот на малата принцеза многу ѝ се допаднал. Како што ми има раскажувано, првпат кога ме видела, кога ме земала во раце, мојот поглед, обликот на очите ја воодушевил и во нив препознала некои особини од Анастасиа“, раскажува Ветерова. 

Амира на „Беркли“ со босанската пејачка на севдалинки Амира Медуњанин 

Ветерова пред девет години ја претставуваше Македонија на „Детски Евросонг“. Уште како дете имаше можност да соработува со врвни имиња од домашната естрада. Освен со Калиопи, таа сними дует со битолскиот состав „Паркети“. Една деценија настапува на интернационални манифестации. Пееше на првото издание на детскиот фестивал „Чаролија“ во Србија, а нејзиниот музички поход продолжи на фестивали во Италија, Украина, Романија, Црна Гора, Малта, Белорусија и во Швајцарија. Во 2008 година имаше чест да настапи на најпрестижниот и најстариот детски фестивал во светот, „Златна паричка“ во Болоња. Учествуваше и на детскиот „Славјански Базар“ во Белорусија, а пред три години триумфираше на јуниорскиот „Сан Ремо“. Сега студира на претсижниот музички колеџ „Беркли“.


Ѓорге Стојанов