Божји дар за жените: Спречува создавање на тромб, ги чисти цревата и ги чува нервите

Намирница која успешно го забавува стареењето, се користи за подготовка на разни теста но и како зачин за месо и зеленчук. Надалку е познат по тахини, паста која се подготвува со мелено печено семе. Од семките дури се прави и млеко. Познато е дека Асирците, Вавилонците и старите Египјани го користеле како лек против ќелавост, зуење во уши и ишијас, а денес е основна состојка на пецива, намаз и слатки. Магичните зборови кои Али баба ги изговара се „Сезаме, отвори се“! инспирирани од семките од сусам кои кога семенките созреат, се отврораат многу експлозивно. Ги јакнеат нервите Поради високата концентрација на фитостеролот, кој по хемиската структура е сличен на холестеролот, е моќен регулатор на мансотии во крвта. Покрај тоа, фитостеролите може да го намалат ризикот од настанување на карциом и подобрување на имунитет. Маслото од сусам е идеално за превенција на создавање тромбови, а поради лецитинот кој позитивно делува на нашиот нервен систем се препорачува кај чувство на умор, депресија и докажано е дека поради присуство на магнезиум намалува силна мигренска главоболка и го нормализира спиењето.   Сусамот е особено богат и со железо, па доволно е да се внесат само 50 грама од ова семе за да се задоволи дневното ниво кое е потребно за овој минерал. Освен железо, во сусамот присутни се и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот. Од витамините особено место зазема витаминот Е, моќен антиоксидант кој ги штити клетките од стареење, појава на тумори и срцеви заболувања. Истовремено, сусамот е одличен извор на тиамин, кој штити од оксидативни оштетувања.
Истражувањата покажуваат дека сусамот е делотворен против воспаленија и болки кај артритис, како и астматични напади. Иако е тежок за чувствителниот желудник и стомак, тој исто така треба умерено да се конзумира бидејќи е одличен за органите за варење. Во земјите каде се одгледува, сусамот има репутација на силен афродизијак. Сусамот е богат со калциум, а неговото влијание при длабокото навлегување во ткивата, дополнително зборува за неговата важност во зачувувањето на здравјето и цврстината на нашите коски. Посебно се препорачува за лицата заболени од остеопороза.

Сусамот е лесен лаксатив и лесно го регулира варењето на храната и работата на цревата, како и на целокупното функционирање на дигестивниот систем.