Братот апелира за помош на помалото братче

Ова е мојот помал брат Борче. Тој има 16 години и боледува од Бета Таласемија (ретка генетска болест). Неговата состојба се влошува и итно мора да оди на операција (трансплантација на коскена срцевина) во странство. Јас ќе бидам неговиот донатор (со идентична совпадливост) но, на мене и на мојата фамилија ни е потребна огромна сума на пари за да се излечи и затоа без Вашата хуманост ние не можеме да го оствариме лекувањето. Со еден повик на следниве два броја Вие ќе донирате 100 ден. од еден повик а за нас ќе значи многу! Ве молам да му помогнеме на мојот брат и да му дадеме шанса за нов живот!

Ве молам Споделете и Ви благодариме од се СРЦЕ <3 !!!Жиро сметка: 300001000024834 T-Mobile: 070/143-103 VIP & ONE: 143-473 (без префикс)