Браќа го искористиле рецептот на мајка си за традиционален леб, денес се успешни

Пекарата Јукиќ во загребски Ботиец произведува леб „каков што некогаш сме јаделе“ без адитиви и конзерванси по традиционална рецептура во голема печка на дрва во која во една тура се прават дури 24 векни леб. Семејниот бизнис е покренат пред 3 години, а денес снабдуваат триесетина ресторани ширум Хрватска. Фирмата на семејството Јукиќ ја основале тројца браќа, а најмладиот барал начин да ја поврзе работата со традицијата во татковината, пишува пословни.хр. Така од мајка си го добиле основниот рецепт за традиционален леб и тргнале во производство. Како што велат Јуриќ, кога е во прашање подготовката на храна, основата за нивниот пазарен успех е намирницата затоа брашно строго набавуваат од еден славонски млин како би осигурале константен квалитет. Дневно произведуваат до 600 килограми леб, но количините варираат па така во неодамнешниот велигденски период испекле околу 200 печки односно 1 100 килограми. Инсистирање на квалитет „Трговските синџири очекуваат на леб да се заработи многу, а нам тоа ни е цел да се грижиме за квалитетот. Процесот на прозводство кај нас почнува во попладневните часови, дури ставаме и квасец во ладна вода како целиот процес би одел бавно“, открива Марио Мохенски, член на бизнис тимот на Семејство Јукиќ. Наскоро на локацијата во Ботинац, ќе отворат и пицерија која ќе нуди пица од печка на дрва.