,

Бруно Марс и Кендрик Ламар – големите победници на „Греми“

60-тото издание на најпрестижните Греми награди ги награди своите победници. Церемонијата со одржа по исклучок во "Медисон Сквер Гарден" во Њујорк - за прв пат после 2003 година, но следната година повторно се враќаат во Лос Анџелес. За "Албум на годината" беше избран албумот на Бруно Марс „24K Magic“, а истоимената песна стана "Видео на годината". Друга песна на Марс - That's What I Like, ја доби наградата "Греми" во категоријата "Песна на годината", победувајќи го супер фаворитот Despacito. Марс освои уште три награди за R & B и доби 6 "грамофони". Канадската пејачка Алесија Кара ја освои престижната награда "Откритие на годината". Кара има 21 година и се натпреваруваше за оваа награда со Јулија Михаелс и Калид, со кого ја пее песната против самоубиството "1-800 273 8255". Кара повика на "вистинска музика и вистински уметници да бидат поддржани, бидејќи секој да има еднакви можности". Ед Шерон, исто така, не остана "грамофон". Тој зеде награда во категоријата за соло поп изведба, за Shape of You, победувајќи ја Лејди Гага со песната Million Reasons, Кели Кларксон со Love So Soft, Кеша со Praying и Пинк со What About Us. Инаку раперот Кендрик Ламар грабна цели 5 "грамофончета", и ги собра сите награди во категоријата "Рап", како и трофејот за најдобро видео за Humble.