Ведрана: Ми го оперираа срцето и конечно можам да заспијам без лекови…

Можете да живеете многу долго, но животот ќе ви биде пекол. Тоа ми го рече лекарот во странство, вели Ведрана Рудан (68) за својата дијагноза на атријална фибрилација пред десетина години. Тоа е болест на срцето која ги напаѓа жените и мажите независно од возраста, а животот на Ведрана, вели и се претворил во ноќен кошмар. „Пулсот знаеше да ми се качи на 246 отчукувања во минута, зачестија одењата на итна каде примав инфузија или електрошокови. Одамна заборавив како е да се напиеш чаша пијалок или вистинско кафе, а годишно одморите ги планирав според близината на болница-се сеќава Рудан, која тврди, дека посебно жали за грижата на семејството и дека никогаш не можела да остане сама со внучињата во случај да не и се слоши, пренесува 24sata.hr. Но точно на Ноќта на вештерките писателката во Ријека била подложена на зафат аблација на срцето. „Дознав дека во Ријека постои тим-инжинерот Борис, сестрите Марина и Ивана и некој доктор Брусиќ. Луѓето прават чуда. Го запознав докторот Брусиќ. Од почеток се прашував дали може да му се верува на човек кој до вчера носеше кратки панталони. Едно е кога „момче“ ти поправа автомобил, но сосема друго кога „момче“ ти зборува за аблација на срцето“ - се сеќава Рудан.   „Детално ми објасни дека не постои само „горење“,  туку и „смрзнување“. Ми предложи вовлекување на жиците до срцето. Не рече баш „жици“ но рекол дека на нив ќе биде балон кој ќе се надува кога дојде до пулмоналните вени, а потоа ги замрзнува на  -50°C, или -60°C, или  -70°C... Поим немав, немам ни денес, што се пулмонални вени, ни за што служат. Запомтив само дека тој мисли дека би можело да ми биде многу подобро. Речиси е сигурен“ - зборува Ведрана и вели дека операцијата и поминала фантастично. -Прв пат по неколку години можам да заспијам без таблети, моите блиски уште не можат да поверуваат, но мене како да ми е вратен животот, а јас во чуда не верувам. Да ми се симптомите на половина, животот повторно би имал смисла, а сега воопшто ги немам-вели Рудан, во еден момент, отворено признава, размислувала и за самоубиство. Целата сторија може да ја прочитате тука.